За да го посрамоти Путин, Украина објави имиња на „руски шпиони“ кои делуваат низ Европа

Б.С.Б.
/ 29.03.2022 / 12:26

Украина соопшти дека разоткрила 620 наводни „руски шпиони“, меѓу нив и еден кој го користи Skype прекарот JamesBond007, пишува британски Telegraph.

Иако Украина не соопшти како дошла до листата со имиња на 620 ФСБ агенти, истражувачка новинарска група вели дека некои од информациите се темелат на претходно протечени податоци.

Украинците велат дека овие „руски шпиони“ учествуваат во злосторнички активности ширум Европа, а некои од нив делувале и во Велика Британија. На листата има имиња, датуми на раѓање, број на пасоши, телефонски броеви, регистарски ознаки на автомобили и слично.

Меѓу имињата, еден од агентите го користи прекарот JamesBond007, друг сака врвни автомобили, а трет е пијаница кој постојано ги крши сообраќајните прописи.

Украинците не открија како успеале да дојдат до оваа листа.

Ако листата е точна, може да ги компромитира агентите на тајната руска служба, која минатата недела тргна „во лов“ по шпиони во сопствените редови. Претходно во март беше соопштено дека ФСБ не била информирана за инвазијата врз Украина, пишува Evening Standard.

реклама

Свет

Деца починаа од предизвик на TikTok, родителите ја тужат социјалната мрежа

Read more

Американска осигурителна компанија ќе исплати над една милијарда долари за шумските пожари во Калифорнија

Read more

Пронајдени остатоците од урнатиот авион во Алјаска, сите 10 лица се загинати

Read more

Израел подготвува план за заминување на Палестинците од Газа: Нека ги примат Шпанија, Ирска, Норвешка, Канада

Read more
 

Вести

Јавен повик за доделување на стипендијата Билјана Василевска-Трајкоска

Читај повеќе

Работник од Бангладеш се заглавил во машина за бетон и починал

Читај повеќе

Граѓаните може да аплицираат за уред за Итно копче во Општина Центар

Читај повеќе

Тлото на Санторини не мирува, серија од 20 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров

Читај повеќе

Деца починаа од предизвик на TikTok, родителите ја тужат социјалната мрежа

Читај повеќе

Работник тешко повреден откако со возило се преврте во каменолом во Росоманско

Читај повеќе

Американска осигурителна компанија ќе исплати над една милијарда долари за шумските пожари во Калифорнија

Читај повеќе

Пронајдени остатоците од урнатиот авион во Алјаска, сите 10 лица се загинати

Читај повеќе

Денес студено утро, а преку ден до 11 степени

Читај повеќе