За јавните личности и приватните газиња

Еве ме мене пак од Охрид, па чисто да ги потсетам 'лепотицивие' дека НЕ секој ГАЗ е наменет за танга по плажа. Мислам имате огледало, многу е едноставно се гледа. Као дај имајте малце милост, стварно сакаме да спиеме навечер без кошмари. #НамалетеСиЈаТортата“

Го цитирам статусот на јавна личност во Македонија што вчера ја разбранува нашата јавност. И со право. Станува збор за јавна личност која изнесува мислење на многу чувствителна тема која засега многу аспекти на нашето живеење, како индивидуи и граѓани. Коментарот е во најмала рака сексистички и дискриминирачки.

Ова е мислење на Владимир Блажев - Панчо или Диџеј Шорти Пи. Колку е релевантен Блажев нема да биде предмет на ова излагање, но непобитен е фактот дека тој е јавна личност и како таква влијае врз општеството.

Луѓето често не мислат на тоа како и колку нивните изјави или постапки влијаат на другите луѓе, особено не на луѓето кои не ги познаваат. Еден мал непромислен коментар има моќ да предизвика ураган, исто како што најмал гест на добрина или убав збор може да згрее нечие срце и да биде поддршката која не била воопшто очекувана.

Замислете дека можете влијаете барем врз една личност и како тоа влијание се одразува на мислите и одлуките што таа личност ги прави секој ден. Сега замислете дека ја имате таа моќ (да, моќ!) на јавна личност чии размислувања и постапки стигнуваат до илјадници, стотици илјади, милиони луѓе.

И кога една јавна личност која има ваква моќ на влијание ќе направи или ќе каже нешто што е длабоко разорно за општеството, промовира осуда, дискриминација, непочитување и омаловажување, ги разорува самодовербата и вредноста на барем една личност, тогаш таа јавна личност влијае врз општеството.

Се поставува прашањето дали јавните личности се морално и граѓански обврзани да ги сфатат општествените реперкусии на нивните зборови и постапки? Некои би рекле дека не се и дека луѓето треба да изберат сами дали ќе го следат примерот на јавната личност или не. Но, дури и да е така, тогаш јавната личност должи извинување како личност.

Отсуството на извинување е токму она што дополнително го разгорува гневот на јавноста. Но, токму тука и треба да се повлече линијата. Наместо да се оди по линијата што ја зацртала таа личност со таквото токсично однесување и да се напаѓа по истиот принцип и модел, она што ние како граѓани, како јавност, како фанови, можеме да го направиме, е да повикаме на одговорност, да поставиме вистински пример и да го свртиме фокусот кон ширење позитивни вредности, кон едукација, кон помирување.

Онлајн посрамувањето и сведувањето на навреди не го решава проблемот, туку го продолжува вртењето во магепсаниот круг. Барањето одговорност, како од јавните личности, така и од луѓето околу нас кои шират каков било говор на омраза, дискриминација или нетолеранција, е начинот на кој се создава освестувањето дека таквото однесување нема да помине незабележано, или уште полошо, охрабрено.

Затоа, не си ги покривајте газињата, ни на плажа, ни кога сте згрозени граѓани. Тоа што дискриминирате дискриминатор не ве прави подобри од него.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Теми и коментари

Ден на планетата Земја: Како со нашите модни избори гласаме за иднината?

Read more

Зошто смртната казна нема да спречи свирепи убиства?

Read more

Зошто театарот ни е потребен повеќе од кога било?

Read more

Моќта на гласачкото ливче: 5 причини зошто треба да гласате

Read more
 

Ново

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе