За празниците да се внимава со храната, алкохолот и во сообраќајот

Препораки за исхраната,  учеството во сообраќајот, како и за опасностите од користење пиротехнички материјали упатија надлежните институции во пресрет на празниците.

Службата за Итна медицинска помош препорачува редовно земање терапија кај хроничните болни, да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на Божиќниот пост, умерено користење на алкохолни пијалаци како би се избегнале несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди. Посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење на алкохолни пијалаци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот. Се апелира и на воздржаност од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

За време на новогодишните празници ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ ќе се грижи за состојбата на граѓаните во текот на 24 часа.

Во Поликлиника Букурешт денеска ќе бидат дежурни специјалистичките служби од 8 до 16 часот.  На новогодишната ноќ достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари,Ѓорче Петров,Драчево и Бит Пазар, информираат од Здравствениот дом на Скопје. Исто така, со секојдневното работно време информираат дека ќе функционира и единицата за домашно лекување, информира Здравствен дом Скопје.

Препораки упати и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) со оглед на поголемата раздвиженост на луѓето и почестите патувања, односно поголемиот број возила во сообраќајот на патиштата, но и пониските температури и лизгавите коловози.

За избегнување  несакани ситуации во сообраќајот РСБСП на возачите им препорачува да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да не конзумираат алкохол кога управуваат со моторно возило, да не користат автомобил доколку немаат потреба за тоа, да ја почитуваат пропишаната брзина, да внимаваат на зимските услови за возење, да управуваат технички исправно возило, да не користат мобилен телефон додека возат, да користат сигурносен појас, да одржуваат растојание помеѓу возилата и слично.

Тагови
реклама

Македонија

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more
 

Вести

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе