Заборавен антибиотик од пред 80 години може да нè спаси од супербактерии

Антибиотик развиен од научниците пред околу 80 години, по што долго време беше „оставен под тепих“, може да биде едно од решенијата за растечката закана од супербактерии отпорни на лекови.

Половина од антибиотиците што ги користиме денес се варијации на соединенија откриени пред речиси еден век, за време на таканареченото златно доба на антибиотиците.

Еден од нив, стрептотрицин, изолиран во 40-тите, покажа голем потенцијал за неговата способност да лекува инфекции предизвикани од грам-негативни бактерии. За разлика од грам-позитивните бактерии, овие микроби немаат цврст клеточен ѕид што го таргетираат многу антибиотици. Во 2017 година, Светската здравствена организација (СЗО) објави листа на најопасните патогени отпорни на лекови, а повеќето од нив беа грам-негативни бактерии.

Отфрлен пред многу децении

Но, и покрај неговиот огромен потенцијал, стрептотрицинот беше отфрлен. Имено, при првичните истражувања беше откриено дека е токсичен за човечките бубрези. Патологот Џејмс Кирби од Универзитетот Харвард и неговите колеги го „откопаа“ овој заборавен антибиотик, ги истражија неговите својства и го претставија под ново име - нурсеотрицин.

„Со појавата на патогени отпорни на повеќе лекови, за кои има малку или нема достапни антибиотици за лекување, време е повторно да го разгледаме и истражиме потенцијалот на она што претходно го занемарувавме“, изјави Кирби за ScienceAlert.

Норсеотрицинот се произведува од грам-позитивни бактерии од почвата. Тоа е всушност мешавина од антибиотици, стрептотрицин F (S-F) и стрептотрицин D (S-D). Додека нурсеотрицинот и С-Д имаат токсични ефекти врз бубрежните клетки, Кирби и неговите колеги откриле дека тоа не е случај за S-F. Ова соединение сè уште е високо ефикасно во убивањето на грам-негативни бактерии отпорни на лекови, но во концентрации кои не се токсични.

Голем потенцијал

Кога беше тестиран на глувци, S-F успеа да искорени вид на бактерии кои се покажаа отпорни на бројни постоечки лекови, сите со минимално или никакво ниво на штета.

„Бактериите кои живеат во почвата во текот на еволуцијата открија како да направат антибиотик кој може да навлезе во оклопот на грам-негативните бактерии“, рече Кирби.

„Стрептотрицините се еден од резултатите на оваа постојана трка во вооружување за опстанок на бојното поле на животот. Овие соединенија нудат уникатно решение за навлегување во одбрамбените механизми на грам-негативните патогени“, додаде тој.

Сè уште не е сосема јасно како стрептотрицинот ги убива супербактериите, но се чини дека се врзува за грам-негативни бактерии и го оштетува нивното производство на протеини на поинаков начин од другите лекови. Ако научниците го разберат механизмот зад овој процес, тие можеби ќе можат полесно да развијат сосема нова класа на антибиотици кои можат да помогнат да се уништат бактериите отпорни на постоечките лекови.

Истражувањето Streptothricin F is a bactericidal antibiotic effective against highly drug-resistant gram-negative bacteria that interacts with the 30S subunit of the 70S ribosome беше објавено во списанието PLOS Biology.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе