Заев: 7.144 македонски Евреи беа погубени - никогаш да не се повтори

„Денеска ја одбележуваме 78-годишнината од депортацијата на нашите сограѓани, македонските Евреи, во нацистичките логори на смртта. Оваа трагедија е длабоко врежана во колективната меморија на македонските граѓани и ги испиша едни од најмрачните страници во историјата“, вели македонскиот премиер.

Зоран Заев преку статус на Facebook профил го одбележа 11 март, денот на депортацијата на македонските Евреи од страна на бугарските и германските фашистички и нацистички окупатори за време на Втората светска војна.

„Со сеќавањето на жртвите од овој ужасен злочин со кој 7.144 македонски Евреи беа погубени  во логорот Треблинка, и кога им оддаваме помен и на останатите шест милиони невини еврејски мажи, жени и деца, се соочуваме со последиците на ова ѕверство и жалиме за сите семејства кои беа погубени, жалиме за роднините, жалиме за соседите, жалиме за целата еврејска заедница во нашата земја“, пишува тој.

„Нашата обврска, на секој од нас, е засекогаш да остане запаметен овој антицивилизациски акт со сиот негов ужас, како предупредување и лекција од минатото. Лекција која добро треба да се знае за предвреме да се пресретнат сите форми на зло и сите опасности, кои на било каков начин можат да ја засенат нашата заедничка иднина и градењето на еднакво општество за сите.
Холокаустот е најголемото злосторство во современата историја на човештвото, а сеќавањата на жртвите секогаш ќе биде наша должност – Никогаш повеќе да не се повтори!“, завршува премиерот.

Денеска ја одбележуваме 78-годишнината од депортацијата на нашите сограѓани, македонските Евреи, во нацистичките логори...

Posted by Zoran Zaev on Thursday, March 11, 2021
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе