Заев: Бојан Јовановски лаже бидејќи одбив да му помогнам

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во изјава за „Фокус“ ги оценува како лажни обвинувањата што против него и неговиот брат ги искажа Бојан Јовановски – Боки 13, кој денеска беше осуден на девет години затвор за случајот „Рекет“. Тврди дека Јовановски лаже бидејќи тој ги одбил сите негови барања да му помогне во судскиот процес.

-Денешната пресуда за овој случај е потврда дека правдата функционира независно за кого станува збор. Заврши времето кога политичари се јавуваа во правосудството за да заштитат прекршители на законот. И покрај тоа што сите докази за случајот, познат во јавноста како „Рекет“ ѝ се добро познати на јавноста, сепак Бојан Јовановски вака јавно да лаже е од единствена причина, според мене, што токму јас го пријавив овој случај и секако ги одбив сите барања од него преку посредници за да му помогнам во судскиот процес, наведува Заев.

Тој додава дека продолжува да се бори за владеење на правото, законот да важи еднакво за сите, без разлика за кого се работи и, како што посочува, секој што се огрешил пред законот да си одговара.

– Истовремено сите закани за некаква моја комуникација со Бојан Јовановски кои ги достави до највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ токму неговиот адвокат, преку посредници, очекувам да се објават и уште еднаш да види јавноста која е вистината, дека мојата и определбата на СДСМ за правна држава се бескомпромисни и никакви закани или вакви лажни изјави нема да нè одвратат од определбата за одговорност на секој кој се огрешил пред законите, вели Заев.

Лидерот на СДСМ потенцира дека судска разрешница во транспарентен процес мора да има и за сите случаи, за сите судски процеси, вклучително и за оние кои произлегуваат од предметите на СЈО.

Покрај деветгодишната затворска казна за Бојан Јовановски, за случајот „Рекет“ затвор од седум години доби и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе