Заев: Направивме сериозен исчекор во разговорите за државјанствата

Премиерот Зоран Заев по средбата во Собранието со лидерите на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, изјави дека имале успешен напредок и сериозен исчекор во разговорите, истакнувајќи дека до крајот на неделава на основа на анализата која експертите ќе ја направат, ќе може да се финишира со законското решение за државјанствата.

-Разговаравме за сите отворени прашања кои беа во предлог-законското решение од Алијанса за Албанците и Алтернатива, и се изнајдени механизмите за изнаоѓање решение, не би зборувал за деталите, сега треба експертите да ги стават на хартија и да ги анализираат, за да го процесиураме и законското решение, рече Заев.

Истакна дека во тој дел, Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе ги информираат и ВМРО-ДПМНЕ и Левица, бидејќи и тие две партии поднеле амандмани за ова законско решение.

-Се видоа детално бројките колку граѓани кои немаат државјанство, или кои не стекнале државјанство со брак, поради враќање во земјата ги бараат државјанствата и врз основа на тоа ги отворивме сите важни прашања, заокруживме доминатни европски пракси. Годините за стекнување на државјанство кај нас е престој од осум години, имаме европски земји каде што имаме пет, седум, десет години. Ќе се извади еден просек, и согласно ЕУ ќе се формира една бројка, рече Заев.

Заев, во одговор на новинарско прашање, посочи приближно во бројки за колку барања станува збор, односно колку граѓани бараат државјанство.

-Околу 2.727 барања, од отприлика 3.200 граѓани, од кои 1500 кои не живеат тука. Имаме 800 граѓани т.н. фантоми, граѓани кои се родиле овде и никогаш не добиле државјанство. Дури некои имаат извод од матична книга на родени, но зеле државјанство, вели Заев.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе