Закана од Оксфорд: AstraZeneca поради критиките од ЕУ може да ја зголеми цената на вакцините

Ако може да се суди според зборовите на еден од водечките научници од тимот што ја произведе вакцината на AstraZeneca, поради критиките што доаѓаат од ЕУ, цената на таа вакцина може да се зголеми, пишува Индекс.хр.

Џон Бел, канадски имунолог и генетичар и професор на Оксфорд, кој беше еден од клучните научници во развојот на вакцината на AstraZeneca, во интервју за британски Телеграф рече дека AstraZeneca може да ја доведе во прашање претходната одлука да не профитира од вакцината, поради критиките од Европската унија.

Тој тврди дека на AstraZeneca никогаш не и било одадено признание за одлуката да не заработи пари од вакцината, додавајќи дека неодамнешните напади што доаѓаат од водечките политичари во ЕУ ја доведуваат во прашање таквата одлука.

– Има момент кога AstraZeneca може да каже: „сега ќе престанеме да наплаќаме ниска цена затоа што не ни оддавате признание за сè што направивме“. Цената на акциите на AstraZeneca падна, не се зголеми. Произведуваме повеќе вакцини од кој било друг. Се работи за сигурна и ефикасна вакцина, а на никого не му е грижа, рече Бел.

Тој нагласи дека во AstraZeneca има фрустрација затоа што се откажува од профитот на вакцината, што не е случај за ривалите како што е Pfizer.

– Немам проблем со тоа луѓето да заработуваат, но сега не е време за тоа. Фармацевтската индустрија ни порачува: „Погледнете не, бевме одлични и го спасивме светот. Да, така е, но исто така заработивте многу пари, истакна професорот.

Изјавите на Бел, пишува Телеграф, доаѓаат во време кога и во AstraZeneca интерно се дискутира дали британско-шведската компанија треба да наплаќа повеќе за својата вакцина.

Компанијата AstraZeneca ги коментираше изјавите на водечкиот научник од Оксфорд.

– Од самиот почеток, пристапот на AstraZeneca е да се третира развојот на вакцините како одговор на вонредната глобална закана по здравјето и ќе продолжи да работи во истиот дух. Апсолутно сме посветени да обезбедиме вакцини во што е можно повеќе земји и при тоа да не заработиме ништо. Компанијата вети дека ќе ја продава вакцината по цена која доволна само за покривање на трошоците за време на пандемијата, рече портпаролот на AstraZeneca. 

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе