Запален црвениот аларм: Поставени 20.000 тони екплозив во молдавските складишта

Војската на Молдавија соопшти дека е поставен експлозив во складиштата за оружје низ отцепениот регион Приднестровие.

Поранешен воен инспектор при Министерството за одбрана на Молдавија објави дека оружените сили на Приднестровие поставиле експлозиви во сите складишта за оружје во овој сецесионистички молдавски регион, вклучително и складиштето за муниција Кобасна. Ова значи дека доколку започне било каква воена операција ќе поредизвика катастрофална штета во делови на Молдавија, Приднестровие и соседна Украина.

Складиштето за муниција Кобасна е најголемо во Источна Европа и содржи 20.000 тони оружје и муниција од советско време. Се верува дека го чуваат околу 1.500 руски војници. Уште од почетокот на воениот судир на Русија со Украина во Молдавија расте загриженоста за складиштето за муниција Кобасна, а некои веруваат дека тамошното оружје би можело да се употреби во потенцијален иден воен судир.

Покрај тоа, Академијата на науки на Молдавија утврдила дека евентуалната експлозија на оружјето кое се наоѓа во складиштето за муниција, а на кое одамна му е поминат рокот за употреба, би била еквивалентна на атомските бомби од Хирошима и Нагасаки. Загриженоста за таков настан се зголеми по аксплозијата во Бејрут во 2020 година.

Приднестровие е автономна покраина во составот на Молдавија, де факто независна територија од Молдавија од 2 септември 1990 година, која се наоѓа на левата страна од реката Днестар, со главен град Тираспол. Со исклучок на неколку села, Молдавија нема никаква контрола врз територијата на Приднестровие, позната и како Транснистрија, Трансднестар и Трансднестрија. Приднестровие е уредена како претседателска република и има свој устав. Според уставот службени јазици се молдавскиот (на кирилица), рускиот и украинскиот. Населението го сочуваат Руси, Молдавци и Украинци, речиси еднакво поделени на третини.

На меѓународно ниво ниту една суверена држава не ја има признато независноста на Приднестровие, дури ни Русија. Само три други отцепени и непризнати држави ја имаат признаено, во договор за меѓусебно признавање: Абхазија, Јужна Осетија и Арцах (Нагорно-Карабах).

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе