Здравје и секс: Ги рушиме митовите за ХПВ

Не мора да значи дека вашиот партнер ве изневерил, а може да се заразите и за време на заштитен секс.

Висок степен на срам и незнаење го придружува ХПВ, сексуално пренослив вирус кој инфицира 80 отсто од луѓето, покажа истражувањето.

Британската влада неодамна започна ХПВ тестирање како дел од рутинските прегледи за рак на грлото на матката.

Речиси половина од анкетираните жени веруваат дека нивниот партнер сигурно ги изневерил доколку имале ХПВ, но овој вирус може да остане неактивен со години.

Активистите стравуваат дека жените нема да одат на овие лекарски прегледи поради стигмата.

Истражувањето меѓу 2.000 жени е спроведено од Фондацијата на Џо за борба против ракот на грлото на матката. Покажа дека половина од жените се срамат и дека ги „одвратило од секс“ тоа што се заразени со вирусот.

Околу 35 отсто од жените немале поим што е ХПВ, а речиси 60 отсто рекле дека мислат дека тоа значи дека имаат рак.

Лора Флаерти (31), на која во 2016 година ѝ беше дијагностициран рак на грлото на матката, е типична испитаничка.

„Кога првпат ја видов дијагнозата дека сум ХПВ позитивна, не знаев што е тоа. Прогуглав и открив дека е сексуално пренослива инфекција, па автоматски помислив дека мојот партнер ме изневерува. Не знаев ништо за вирусот, се чувствував валкано. Не знаев дека може да мирува толку долго, а кога открив колку е чест ХПВ, бев шокирана. Луѓето со кои разговарав никогаш немаа слушнато за него, а сепак повеќето од нас ќе се заразат со него“.

Разбивање на митовите за ХПВ:

Мит: Вирусот можете да го добиете само преку сексуален однос

Факт: ХПВ обично се пренесува сексуално, но може да се пренесе и преку секој контакт кожа со кожа во гениталните и оралните области.

Мит: ХПВ е знак на промискуитет

Факт: 80 проценти од нас ќе го добијат вирусот ХПВ во одреден момент од нашиот живот, лесно е да се добие и да се пренесе, а можете да го добиете кога првпат сте имале сексуален контакт.

Мит: ХПВ значи дека имам рак

Факт: Постојат околу 200 типови на ХПВ. Околу четириесет видови влијаат на пределот на гениталиите, што едноставно значи дека ќе живеат таму, а неколку од нив можат да предизвикаат непријатни, но безопасни состојби како што се гениталните брадавици.

Околу 13 видови со висок ризик може да предизвикаат рак на грлото на матката и други видови на рак на гениталиите, како и рак на устата или грлото, но ова е ретко.

Мит: Знаете ако имате ХПВ

Факт: ХПВ нема симптоми и во повеќето случаи имунолошкиот систем ќе се бори против инфекцијата. Испитувањата на грлото на матката може да откријат какви било абнормални клетки.

ХПВ вакцината ги намалува шансите за рак на грлото на матката за речиси 90%

Истражувањето беше спроведено по покренувањето на владината иницијатива за прво тестирање за ХПВ, наместо за други состојби, за време на преглед на грлото на матката.

Ова беше воведено во Велс во 2018 година, во Англија во 2019 година и во Шкотска во 2020 година. Оваа промена значеше дека повеќе жени можеа да дознаат дека имаат ХПВ.

Роберт Музик, извршен директор на Joe's Cervical Cancer Trust, рече:

„Првото тестирање за ХПВ е многу поефикасен начин да се идентификуваат оние кои се најмногу подложни на рак. Оваа промена во програмата значи дека повеќе жени ќе дознаат дека имаат ХПВ“, вели тој.

„ХПВ, сепак, може да биде збунувачки, па затоа треба да го нормализираме за луѓето да не се чувствуваат засрамени или исплашени кога ќе им кажат дека го имаат вирусот“.

ХПВ инфекцијата рапидно се намалува кај девојчињата на возраст меѓу 12 и 18 години како резултат на воведувањето на ХПВ вакцината во 2008 година.

Вакцината беше проширена на хомосексуалците на возраст меѓу 16 и 45 години во 2017 година, а во јули 2018 година владата објави дека ќе биде проширена и на младите мажи.

Не се планира ширење на вакцината против ХПВ на други возрасни лица постари од 18 години, бидејќи е многу веројатно дека тие веќе имаат инфекција и затоа вакцината би била неефикасна.

Д-р Филип Кеј, општ лекар и автор, рече:

„Општите лекари и здравствените работници ќе разговараат повеќе со пациентите за ХПВ кога ќе дојдат да поставуваат прашања за нивните резултати. Разбирањето како се пренесува и релативните ризици ќе помогне да се намали стигмата што го придружува.“

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Здравје

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе