ХПВ вакцината ги намалува шансите за рак на грлото на матката за речиси 90%

Според едно најново истражување, вакцината против хуман папиломавирус (ХПВ) ја намалила инциденцата на рак на грлото на матката за речиси 90%.

Cancer Research UK рече дека тоа е „историско“ откритие што покажува дека вакцината спасува животи.

99% од случаите на карцином на грлото на матката се предизвикани од хуман папиломавирус, а експертите се надеваат дека вакцината речиси може да ја елиминира болеста во иднина. Тие исто така веруваат дека оние жени кои се вакцинираат може поретко да одат на цервикален тест.

Во ОК, девојчињата можат да се вакцинираат против ХПВ уште на возраст од 11 до 13 години, во зависност од тоа каде живеат. Студијата ги анализирала податоците собрани по воведувањето на вакцинацијата во Англија во 2008 година, пишува BBC.

87% намалена инциденца на рак на матката

Студијата покажа намалување на преканцерозните промени и 87% намалување на инциденцата на рак на грлото на матката кај вакцинирани студенти.

Кај вакцинираните на возраст меѓу 14 и 16 години, стапката на рак на грлото на матката во дваесеттите години била за 62 отсто помала, а во групата вакцинирани на возраст од 16 до 18 години таа стапка била за 34 отсто помала.

Во период од речиси тринаесет години, во Англија се пријавени околу 28.000 дијагнози на рак на грлото на матката и 300.000 дијагнози на преканцерозна состојба наречена цервикална интраепителна неоплазија (CIN3), покажаа податоците.

Околу 450 помалку случаи на рак на грлото на матката и 17.200 помалку случаи на CIN3 дијагноза беа забележани кај млади вакцинирани жени отколку кај невакцинирани жени на иста возраст.

„Се надеваме дека новите резултати од нашата студија ќе ги поттикнат младите жени да се вакцинираат бидејќи успехот на целата програма за вакцинација не се потпира само на ефективноста на вакцината, туку и на процентот на вакцинираната популација“, рече коавторот на студијата Кејт Солдан од Здравствена агенција на Велика Британија.

Повеќе од 100 видови на ХПВ

Се разбира, сè уште не е познато колку долго трае заштитата и дали треба да се даде дополнителна доза во подоцнежна фаза од животот.

Постојат повеќе од 100 видови на хуман папиломавирус. Велика Британија користи вакцина која штити од два типа на ХПВ и се подготвува да воведе таква што штити од девет типа, вклучувајќи ги и главните причинители на  генитални брадавици.

ХПВ вирусите кои предизвикуваат рак создаваат промени во ДНК на заразените клетки. Овие промени може да се појават на секое заразено ткиво. Вирусите можат да се шират со вагинален, орален и анален секс, па се поврзани и со анусот, пенисот и некои канцерогени формации во вратот.

Студијата The Effects of the National HPV Vaccination Programme in England, UK, on Cervical Cancer and Grade 3 Cervical Intraepithelial Neoplasia Incidence: a Register-based Observational Study беше објавена во The Lancet.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Здравје

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе