
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека конфликтот со Русија нема да заврши додека не се ослободи црноморскиот полуостров Крим, кој Москва го анектираше.
„Крим е украински и никогаш нема да се откажеме од него“, рече Зеленски во своето ноќно видео-обраќање.
„Црноморскиот регион не може да биде безбеден сè додека Крим е окупиран“, рече тој. „Нема да има стабилен и траен мир во многу земји на брегот на Средоземното Море се додека Русија може да го користи нашиот полуостров како своја воена база. (...) Оваа руска војна против Украина и против цела слободна Европа започна со Крим и мора да заврши со Крим – со негово ослободување“, рече Зеленски.
Претходно во вторникот беа пријавени експлозии во руска воена база на полуостровот на Црното Море, а владата во Киев соопшти дека не е одговорна. New York Times објави дека украинската војска нападнала клучна руска воздушна база таму со непознато оружје. Крим е под контрола на Москва откако Русија го анектираше полуостровот во 2014 година.