Земјата се навалила на страна пред 84 милиони години

Веќе знаеме дека за време на процесот на вистинското поларно талкање (true polar wander - TPW), планетите и месечините понекогаш може да се навалат во однос на нивните оски, но сè уште не е познато колку често тоа ѝ се случувало на Земјата.

Една неодамнешна студија покажа дека еден таков настан ѝ се случил на нашата планета пред околу 84 милиони години, кога диносаурусите сè уште газеле на Земјата.

Експертите анализирале примероци од варовник од Италија, кои датираат од периодот доцна креда (пред 100,5 до 65,5 милиони години), за да најдат докази за поместувања во магнетниот запис што би укажал на појавата на TPW.

„Ова е најновото документирано TPW од големи размери, што ја доведува во прашање идејата дека оската на Земјата е во голема мера стабилна во последните 100 милиони години“, објаснуваат научниците во нивниот труд.

Земјата се состои од внатрешно јадро од цврст метал и надворешно јадро од течен метал, со цврста обвивка – Земјин плашт - и кора кои полека се движат околу течниот метал. Земјиното магнетно поле, создадено од надворешното јадро, може да се сними во карпи како оние што ги проучувале научниците, пишува Science Alert.

Вистинското поларно талкање е феномен во кој има значително поместување на географските полови и навалување на плаштот. Ништо навистина не се менува во однос на магнетното поле на Земјата, но карпите што се движат снимаат различни палеомагнетни податоци.

Податоците го покажаа растојанието помеѓу северниот и јужниот географски пол, овозможувајќи им на експертите да ги лоцираат половите.

„Замислете како ја гледате Земјата од вселената. Вистинско поларно талкање би изгледало како Земјата да се превртела на страна, но она што всушност се случува е дека целиот карпест дел од планетата, плаштот и кората, се врти околу течното надворешно јадро“, вели геологот Џо Киршвинк од Технолошкиот институт во Токио.

Според студијата, пред околу 84 милиони години имало навалување на Земјата од околу 12 степени, што се коригирало релативно брзо - во рок од околу пет милиони години.

Студија со наслов A Late Cretaceous true polar wander oscillation беше објавена во списанието Nature Communications.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Наука

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе