Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53% во однос на одлуката од 22.12.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 4,950%, кај дизелот 6,048%, кај екстра-лесното масло 6,037% и кај мазутот зголемувањето е 0,567%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,119%.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:
- моторен бензин Евросупер БС-95 - 77,50 (денари/литар)
- моторен бензин Евросупер БС-98 - 80,00 (денари/литар)
- дизел гориво Евродизелот (Д-Е V) - 74,50 (денари/литар)
- масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 74,00 (денари/литар)
- мазут М-1 НС - 42,075 (денари/килограм)
Малопродажната цена бензинот Евросупер БС-95 се зголемува 1,00 ден/л, а малопродажните цени на бензинот Евросупер БС-98, како и на Евродизелот (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,50 ден/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,138 ден/кг и сега ќе изнесува 42,075 ден/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 0:01 часот на 26.12.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, соопшти РКЕ.