Жената чија неверојатна способност науката не може да ја објасни

Научниците порано мислеа дека луѓето можат да нуркаат максимално до 30 метри во длабочина, во еден здив. Амбер Бурк отиде подлабоко од 70 метри и физиологијата не може да објасни како е тоа можно.

Пред 10 години, Австралијката Амбер Бурк на патување низ Египет откри интересни работи за себе. Во мало село на Синајскиот Полуостров наиде на место каде имаше курс за нуркање на здив и одлучи да се обиде во тоа.

„Го задржав здивот четири минути и нуркав на 18 метри“, вели Бурк која сега е австралиска шампионка во нуркање на длабочина.

Бурк била шампионка во синхронизирано пливање како тинејџерка, па веќе знаела дека може да го задржи здивот на неколку минути. До 2018 година се етаблирала како една од најдобрите нуркачи во светот.

Во длабоките води на брегот на Филипини била подготвена да го урне светскиот рекорд за жени во дисциплина при нуркање со константна тежина без пераи. Се смета за најтешка дисциплина, нуркачот се спушта вертикално во длабока вода во еден здив користејќи ја само силата на мускулите за да придвижи надоле. Со секој метар спуштање, се зголемува притисокот на телото.

На 30 метри, што е максималната длабочина според физиолозите, за која во раните денови на спортот мислеле дека луѓето се способни, притисокот кој се врши на телото е четири пати поголем отколку на површината. И потоа, во еден момент нуркачот почнува слободно да паѓа.

Бурк достигнала длабочина од 73 метри, светски рекорд, но помрачувањето на умот во дел од секунда кога излегла на површината, ја дисквалификувало.

„Ако останете под вода доволно долго секогаш постои шанса кислородот да падне на ниво на кое вашиот мозок ќе одлучи да се исклучи за да се заштити од отштетувања“, вели Бурк.

Светскиот рекорд за мажи во оваа дисциплина изнесува 102 метри, за 4 минути и 14 секунди. Со пераи е 131 метар.

За дисциплината статичка апнеја, каде натпреварувачот не нурка туку само влегува под вода, најдолгото задржување на здивот е 11 минути и 54 секунди.

„Кога првпат нурнав на 30 метри длабочина навистина почувствував голем притисок, особено на градите. Се чувствував како да сум згмечена. Но, сега, нуркајќи на 70 метри, воопшто не го чувствувам тој притисок“, вели Бурк.

Главната адаптација е психолошка, се развива способност да се издржи потребата за дишење. Бурк вели дека влегува во медитативна состојба, со забавување на дишењето пред да влезе во вода.

Иако пандемијата ги запре повеќето меѓународни натпреварувања Бурк и понатаму тренира, има долги сесии на пливање под вода во базен околу четирипати неделно, вежба во теретана и напоредно со тоа е инструктор по слободно нуркање и електричар.

„Кога почнав првпат не ни знаев дека ова воопшто е човечки возможно, но едноставно е неверојатно што сè луѓето можат да направат“, вели Амбер.

Тагови
реклама

Чек дис аут

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more

Жена родена во 1922 не можела да резервира авионски билет оти било многу одамна, па ја запишале како бебе од 2022

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе