Жените со високоризичен ХПВ со поголем ризик од кардиоваскуларни болести

Студија на јужнокорејски научници сугерира дека жените заразени со високоризичен вид на хуман папиломавирус (ХПВ) имаат речиси четири пати поголеми шанси да умрат од кардиоваскуларни болести.

ХПВ е многу честа инфекција и познато е дека високоризичните соеви предизвикуваат рак на грлото на матката.

Претходните истражувања покажаа дека ХПВ може да предизвика воспаление во крвните садови и да придонесе за акумулација на опасни наслаги во артериите. Но, ова е прва студија која укажува на врска помеѓу високоризичната ХПВ инфекција и смртта од кардиоваскуларни болести.

Хуманите папиломавируси се група на вируси кои обично се пренесуваат преку сексуален контакт и обично немаат никакви симптоми. Исто така, познато е дека околу 13 типа на ХПВ предизвикуваат 99,7 проценти од ракот на грлото на матката.

Со цел да истражат дали вирусот е потенцијален фактор на ризик за развој на проблеми со срцето, научниците подложиле 163.250 Корејки без регистрирани кардиоваскуларни заболувања на бројни здравствени прегледи. Просечната возраст на учесниците во истражувањето беше 40 години. Здравствени прегледи вршеле секоја или секоја втора година во период од осум и пол години.

Тим на научници откри дека жените со високоризична ХПВ инфекција имаат 3,91 пати поголема веројатност да развијат опасни наслаги во нивните артерии во споредба со другите испитаници и дека таквите пациенти имаат 3,74 пати поголеми шанси да умрат од срцеви заболувања. Забележан е и 5,86 пати поголем ризик од смрт од мозочен удар. Откриено е дека овој ризик е уште поголем кај дебели жени со високоризична ХПВ инфекција.

Студијата ја спроведоа професорите Сеунго Рју, Јусо Чанг и Хае Сук Чеонг од Медицинскиот факултет на Универзитетот Сунгкјункван во Сеул.

Можно е вирусот да предизвика воспаление во крвните садови

„Знаеме дека воспалението игра клучна улога во појавата и развојот на кардиоваскуларни заболувања, а вирусните инфекции се потенцијални предизвикувачи на воспаление“, вели проф.

„Познато е дека ХПВ е поврзан со можен развој на рак на грлото на матката, но истражувањата покажаа дека истиот вирус може да се најде и во крвотокот. Можно е вирусот да предизвикува и воспаление во крвните садови, што придонесува за затнување и оштетување на артериите, со што се зголемува ризикот од развој на кардиоваскуларни заболувања“.

Тој додаде дека студијата, објавена во European Heart Journal, „ја нагласува важноста на сеопфатна грижа за пациентите со висок ризик ХПВ“.

„Лекарите треба да го следат кардиоваскуларното здравје на пациентите со високоризична ХПВ инфекција, особено оние кои се исто така дебели или оние со други фактори на ризик“, рече Чеонг.

„Важно е луѓето со високоризичен ХПВ да се свесни за потенцијалниот ризик од срцеви заболувања и рак на грлото на матката. Тие треба да одат на редовни здравствени прегледи и да усвојат здрав начин на живот за да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести“, вели тој.

Покана за вакцинација

Јужнокорејските научници истакнуваат дека во отсуство на „специфични антивирусни лекови кои го таргетираат ХПВ“ и со оглед на „ограничените фармацевтски интервенции за воспаление“ поврзани со овој вирус, треба да се спроведат „дополнителни истражувања за потенцијалните стратегии за вакцинација“ за да се намали појавата на високоризичен ХПВ.

Тие исто така посочуваат дека треба да се направат дополнителни истражувања за тоа дали високоризичната ХПВ инфекција има сличен ефект кај мажите.

„Доколку нашите наоди се потврдат, тие би можеле да имаат важни импликации за стратегиите за јавно здравје. Зголемувањето на стапката на вакцинација против ХПВ може да биде значајна стратегија за намалување на долгорочните кардиоваскуларни ризици“, рече проф. Рју.

Во Велика Британија вакцината против ХПВ им се нуди на сите девојчиња на 8-годишна возраст од 2008 година, а во 2019 година е воведена и за момчиња на 8-годишна возраст.

Во Македонија, според редовниот Календар за имунизација, оваа вакцина девојчињата може да ја примат на 12 години (две дози), на 15 години (3 дози) и на 19 години. Според извештајот од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), вкупниот опфат со две дози вакцина против заболувања од ХПВ во земјата изнесува 52, 5 отсто. Покриеност од 100 отсто има само во шест општини: Демир Хисар, Свети Николе, Кочани, Делчево, Кратово и Валандово. Над 95 отсто опфат има и во: Кочани, Пехчево, Куманово, Крива Паланка, Виница, Прилеп, Македонски Брод и во Велес. Опфат понизок од вкупниот опфат во земјата се регистрира во: Битола, Охрид, Скопје, Струмица и во Гостивар.

Проф. Џејмс С. Лосон од Универзитетот во Нов Јужен Велс, Сиднеј, и неговите колеги напишаа во придружниот едиторијал: „Доказите дека вирусите воопшто, а особено ХПВ го зголемуваат ризикот од негативни исходи на атеросклеротични кардиоваскуларни болести се доволно убедливи да се додадат на силните аргументи за вакцинирање против вирусот на грип, SARS-CoV-2 и ХПВ“.

реклама

Здравје

Како да го зајакнете имунитетот со едноставни промени во исхраната?

Read more

Најевтината храна за појадок го намалува холестеролот и дава енергија

Read more

Што се случува во телото по само пет дена јадење брза храна?

Read more

Која храна најмногу ги оштетува забите?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

8 најдобри вежби за поголеми и посилни мускули на нозете

Читај повеќе
  • filter

Најдобрата дестинација во Европа за женско соло патување оваа пролет

Читај повеќе
  • filter

Се продава венчаницата што Меланија ја носеше на свадбата со Доналд Трамп пред 20 години

Читај повеќе

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереалниот план за лебдечки аеродром во Лондон вреден 76 милијарди долари

Читај повеќе

Две промени што треба да ги направите ако сте престанале да слабеете

Читај повеќе
  • play_arrow

Пилешко со компири во слатко-кисел сос

Читај повеќе
  • play_arrow

Урнебесни одговори: Mладите белграѓани не знаат кој бил Тито

Читај повеќе

Како да го зајакнете имунитетот со едноставни промени во исхраната?

Читај повеќе