АНАЛИЗА НА ДАНИЕЛА АНТОНОВСКА

Женското лице на европската политика

Даниела Антоновска
/ 14.12.2022 / 14:45

Очигледно е дека во десницата во Западна Европа, жените се користат како симболичен центар на нацијата од една страна, а од друга страна, како доказ за прогресивност.

Извор: nationalreview.com

Пишува Даниела Антоновска за respublica.edu.mk

Последниве неколку години претставуваат пресвртница во застапеноста на жените на високите позиции во европската политика. Урсула фон дер Лајен во 2019 година беше избрана за прва жена претседателка на Европската комисија, а Роберта Мецола во јануари 2022 е избрана за претседателка на Европскиот парламент.

Во меѓувреме, Кристин Лагард во 2019 година станува претседателка на Европската централна банка, додека Џорџа Мелони, станува премиерка на Италија.

Принципите на ЕУ се воспоставени од татковците-основачи на ЕУ, но очигледно е дека „стаклениот плафон" е скршен и клучните европски позиции и институции се во рацете на жените.

Десницата - заедничка за сите жени на врвот на политиката

Заедничко за гореспоменатите е што сите доаѓаат на лидерски позиции по претходно, долгогодишно искуство во националната политика во матичните земји. Но, клучно е што нивните матични партии се од умерената десница, односно од семејството на Европската народна партија. Доколку од европско ниво одиме чекор подолу, на национално ниво, ќе забележиме ист тренд на позиционирање на жените од десницата на високите места.

Мелони, која идеолошки припаѓа на екстремната десница стана премиерка на Италија. Марин Ле Пен, веќе десетина години е на чело на радикална десничарска партија и трипати се обидуваше да застане на чело на Франција.

Доминантноста на жените од десницата во високата политика не е ништо ново, претходно беше видлива преку 15-годишното владеење на Ангела Меркел. „Стаклениот плафон“ за жените во политиката секако го скрши Маргарет Тачер, лидерка на Конзервативната партија и премиерка на Обединетото Кралство.

Како што се забележува, матичните држави на овие политичарки се сконцентрирани во Западна Европа. Очигледно е дека Западна Европа не заостанува многу зад Источна и Централна Европа и „учи" од нив. Политиката во Источна и Централна Европа, беше богата со жени како Беата Шидло од Право и Правда, неколкуте жени лидерки од десницата во источниот дел на Германија. Во Унгарија, Кристина Морваи беше поранешна членка на ЕП избрана на листата на радикалната десна партија Јобик. Новоизбраната претседателка на Унгарија (2022) Каталин Новак доаѓа од десната популистичка партија Фидеш. На Балканот, поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, исто така, доаѓаше од десницата.

Со цел да извојуваат победа, како рационални актери, партиите од десницата се свртеа кон придобивање на жените преку ставање на жени на високи позиции.

Андреа Дворкин во својата книга Right wing women потенцира дека од жените се очекува да бидат социјално, политички, економски и сексуално конзервативни. Бидејќи статус кво состојбата, каква и да е, е побезбедна од промената, без оглед каква е промената. Со користење на стереотипи, тие создаваат позиција на моќ од која ги дисциплинираат и жените и мажите.

Одредени анализи покажуваат и уште еден заеднички именител за дел од нив, а тоа е образованието. Најголем дел од нив имаат образование во т.н. СТЕМ и/или природни науки, но и претходни позиции во ресорите одбрана и финансии. Овие позиции со години наназад се сметаат за доминантно „машки" полиња и/или т.н. „машки" професии и „машки" сектори.

За дел од нив е заедничко и мајчинството преку многудетно семејство. Фон дер Лајен е мајка на седум, а Мецола мајка на четири деца. Со промовирањето на мајчинската улога не се излегува од рамката за традиционалната улога на жената како мајка, но истовремено, се вкрстуваат идентитетите со т.н. „машки професии и сектори."

Целосниот текст прочитајте го ТУКА.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе