Жестоки борби во Нагорно-Карабах, над 100 повредени војници

МИА/КАЈГАНА
/ 28.09.2020 / 11:57

Во регионот Нагорно-Карабах во тек се жестоки борби меѓу ерменската и азербејџанската армија и во двете земји е прогласена воена состојба.

Во борбите досега загинаa 17 ерменски војници, а повредени се повеќе од 100.

ОН ги повикаа двете страни итно да прекинат со борбите и да се вратат на преговори.

Итен прекин на судирите бараат и Москва, Вашингтон и Брисел, додека Анкара ја обвинува Ерменија и најавува целосна поддршка за Азербејџан.

Портпаролот на ерменското Министерство за одбрана Шушан Степањијан изјави дека Министерството за одбрана на непризнаената област Нагорно-Карабах успеало да ја врати контролата над бројни позиции кои претходно ги зазела азербејџанската армија.

– Единиците на Артсах ја вратија контролата за време на борбите над областите кои претходно го загуби, наведува портпаролот.

Азербејџанското Министерство за одбрана денеска издаде соопштение во врска со тековните ерменски напади врз Тартар.

– Градот Тартар е на удар на ерменските единици од утрото на 28 септември. Министерството за одбрана за последен пат ја предупредува другата страна дека ќе преземеме соодветни мерки против нив, се вели во соопштението.

Министерството наведува дека биле убиени вкупно шест азербејџански војници, додека 19 биле ранети.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст изрази загриженост поради ескалацијата на конфликтот на линијата за раздвојување во регионот Нагорно-Карабах.

URL

Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека има цивилни жртви на двете страни и ги повика сите да ги почитуваат основните правила на меѓународното хуманитарно право кога станува збор за заштита на цивилите и основната инфраструктура.

– Остануваме посветени на помагање и поддршка на погодените во оваа ескалација, како и на дејствување како неутрален медијатор, се вели во соопштението на Меѓународниот црвен крст. 

Сите параметри на воена способност и опременост покажуваат дека Азербејџан е поподготвен за воен судир со Ерменија.

Според податоците од сајтот globalfirepower.com Ерменија има 1.696.085 подготвени војници, а Азербејџан располага со 5.042.346 достапни луѓе за војување.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе