Живот на Марс: Осум месеци во изолација како на Црвената планета

Шест научници на НАСА кои од јануари живееја во изолација на Хаваите, во услови како оние на Марс, вчера излегоа од изолација.

Екипажот од четворица мажи и две жени беше дел од проект чија цел е да се испитаат психолошките последици од вселенските мисии на астронаутите.

„Навистина е задоволство тоа што знаеме дека сознанијата од оваа и мисии слични на оваа ќе помогнат да се подобрат идните истражувања на Марс и истражувањата на вселената воопшто“, рече Семјуел Пејлор, научник на НАСА.

Врз основа на информациите до кои дојде НАСА, во иднина ќе се прави селекција на поединци и групи со соодветни особини, подготвени да се соочат со стресот, изолацијата и опасностите што им претстојат во двегодишната или тригодишната мисија на Марс.

НАСА се надева дека ќе успее да испрати експедиција на Марс до 2030 година.

Експерименталниот екипаж беше сместен во подножјето на Мануа Лоа, најголемиот активен вулкан на Земјата.

Кога и да требаше да излезат од нивниот мал дом, тие носеа вселенски одела, а се хранеа исклучиво со замрзната и конзервирана храна.

Екипажот имаше задача да спроведи геолошки истражувања, да ги запишува на мапа и да го одржува живеалиштето како да е на Марс.

Имале две спални соби, кујна, лабораторија и една бања.

За време на нивниот престој во изолација им биле мерени компатибилноста и нивото на стрес. Исто така воделе евиденција за тоа како се чувтвуваат. Во тоа им помагале специјално дизајнирани сензори.

Во истражувањето исто така било тестирано кој е најдобриот начин да му се помогне на екипажот да се справи со стресот.

Кога биле преокупирани, со помош на уреди што поддржуваат технологија за виртуелна реалност, можеле да се „опуштат“ со „престој“ на некое тропско место или некоја убава плажа.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе