Жоржињо: Мундијалот не ме интересираше, ми беше многу тешко

Човекот чии два утнати пенали ја чинеа Италија пласман во баражот наместо место на Маундијалот изјави дека едвај изгледал по некој натпревар бидејќи собирот во Катар едноставно му бил тежок за гледање.

Играчот од средниот ред на Челси и Италија, Жоржињо, откри дека од Мундијалот во Катар видел само неколку натпревар при самиот крај.

„Не бев заинтересиран, не ги знаев ниту саатниците“, почна тој за Sky Sport Italia.

Поранешниот играч на Наполи и Верона го освои ЕУРО 2020 со „Аѕурите“, но потоа доживеа голем шок откако Италија не се квалификува на Мундијалот прво губејќи го првото место во квалификациската група поради неговите два промашени пенали против Швајцарија, а потоа и со елиминацијата од Македонија во полуфиналниот бараж. Веројатно од тие причини не бил заинтересиран да го гледа Мундијалот.

„Искрено, беше многу тешко, особено на почетокот. Беше навистина тешко. Не сакав да ги гледам натпреварите. Заминав на патување со семејството. Изгледав само неколку натпревари на кои играа мои пријатели, но не ги знаев дури ни саатниците“, додаде Италијанецот роден во Бразил.

„Не сакав да гледам. Не бев заинтересиран. При крајот во мене се разбуди Жоржињо кој сака фудбал и почнав да гледам по нешто“, заврши тој.

Жоржињо денеска полни 31 година. Од 2016 е репрезентативец на Италија, но со земјата на неговите предци пропушти два мундијала, па можно е во кариерата да остане и без мундијалски настап со оглед на тоа што на наредниот Мундијал ќе има 34 години.

Претходно имаше изјавено дека промашените пенали со Швајцарија вечно ќе го прогонуваат.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе