Зошто Бил Гејтс е опседнат со купување ниви?

Во својот 11-ти разговор со корисниците на Reddit, основачот на Microsoft, Бил Гејтс, одговараше на прашања и даде неколку интересни одговори.

Дали може да има етички милијардери?

Како одговор на прашањето на корисникот mspalandas, дали може да има етички милијардери, Бил смета дека тој е еден од нив: „Да се ​​биде богат значи дека лесно можеш да го изгубиш контактот со реалноста. Мислам дека стимулот за создавање нови компании сè уште е добра работа. Дури и да се зголемат даноците, не би забранил никому да вреди милијарда, но тоа е само едно мислење. Имав многу среќа“.

Каков телефон користи?

Последен пат кога одговараше на прашања од корисниците на Reddit, Гејтс изненади многумина со изјавата дека не користи Microsoft Surface Duo или iPhone, туку се потпира на Samsung Z Fold3 за сите задачи во движење. Меѓутоа, ситуацијата во меѓувреме се промени - милијардерот сега тврди дека првиот човек на компанијата Samsung, Ли Џеј Јонг, на состанок во Јужна Кореја му подарил Samsung Z Fold4, со кој го заменил својот стар модел.

Меѓутоа, кога станува збор за компјутерите, Гејтс користи неименуван лаптоп Windows кога е во движење и се потпира на своето Surface Studio за сè друго.

Која е следната голема работа?

Еден корисник го потсети Гејтс дека долго време предвидува што ќе ни донесе интернетот, па го интересираше која технологија според него е следната голема работа. Милијардерот одговори дека се работи за вештачка интелигенција.

„Не мислам дека идејата за Web3 е толку голема или дека работите околу метаверзумот се револуционерни, но вештачката интелигенција е прилично револуционерна.“

Зошто купува толку многу ниви?

Звучи неверојатно, но Бил Гејтс е најголемиот земјопоседник во САД. Со текот на годините, тој успеа да стане сопственик на над 110.000 хектари поле, па многумина ги заскокотка таа информација и со право се запрашаа зошто го прави тоа, а милијардерот одговори токму на ова прашање за време на сесијата на Reddit:

„Поседувам помалку од 1/4000 од обработливото земјиште во САД. Инвестирав во овие фарми за да ги направам попродуктивни и да создадам повеќе работни места. Тоа не е некоја голема идеја - всушност, овие одлуки се донесени од мојот професионален инвестициски тим“, објаснува Гејтс.

Зошто го интересираат здравството и вакцините?

Интересот на Гејтс за здравјето и вакцините привлече големо внимание, особено откако тој предвиде дека ќе се случи пандемија. Од каде тој интерес? Еве што вели милијардерот:

„Кога видов како умираат деца кои можеа да се спасат за помалку од 1.000 долари, знаев дека тоа мора да биде мојот главен приоритет. Речиси никој не финансираше истражувања за болести како маларијата, која во тоа време убиваше над милион деца годишно. Постигнавме напредок, па сега таа бројка е 400.000 - посветени сме да дојдеме до нула“, вели Гејтс.

Што би направиле поинаку?

Гејтс е свесен дека, гледано од дистанца, неговото време на чело на Microsoft можеше да биде уште поуспешно. На прашањето што би направил поинаку, основачот на Microsoft рече дека „сега знае многу работи што тогаш не ги знаел“, и дека ќе промени две работи - „работа на оперативен систем за паметни телефони (Android победи) и претходно, решавање на антимонополска тужба“.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе