Зошто е добро да гледате порно заедно како пар?

Порнографијата постои со причина и нема ништо лошо во тоа да уживате во малку сексуална фанатазија или стимулација, сами или во друштво на партнерот. Сѐ додека се применува во контролирани дози, како и сѐ друго, порнографијата не е штетна, дури и може да биде корисна.

Ако вие лично сакате да гледате порнографски содржини и знаете дека и вашиот партнер го сака тоа и сте го правеле одделно, можеби е добро време да седнете и заедно да гледате порно.

Според студија објавена во Frontiers in Psychology, гледањето порно заедно со партнерот може да ја подобри врската. Секако, се мисли на здрави дози на порнографија, и кога едниот не е зависен од гледање порно.

Има неколку причини зошто е добро да гледате порно заедно како пар, велат сексолозите.

Гледањето порно обично е за да ве расположи и поттикне на секс или мастурбација, а гледањето порно со партнерот не треба да биде многу поразлично од тоа. Сигурно имате некои претпоставки како ќе тече таа активност. Можеби ќе се смеете, ќе бидете засрамени, ќе се возбудите или ќе отворите дискусија. Најверојатно ќе се случат сите или барем повеќето од овие работи и тоа уште првиот пат. И тоа е сосема природно.

Со гледањето порно со вашиот партнер ќе дознаете кои работи ви се секси и ве возбудуваат и двајцата, особено ако не се чувствувате многу вешти да го кажете тоа со зборови.

Пробувањето нови нешта во сексот може да биде тешко, особено иницирањето, но ако видите нешто што ви се допаѓа и едноставно го кажете само тоа, на тој начин ја отворате вратата за комуникација и го заобиколувате тешкиот дел со објаснување. Исто така, ова е можност да се изразите и што не ви се допаѓа.

Заедничкото гледање порно може да биде корисно и кога сексуалниот живот е влезен во рутина и ви треба здрава доза „стимулација“. Иницирањето секс не мора секогаш да биде вербално, а ова може да стане ваш начин на праќање (не толку суптилна) порака дека сакате малку акција.

Комуникацијата е важен дел од врската во секој поглед, па она што го гледате заедно со партнерот како порно содржина евентуално ќе влезе во вашиот репертоар на разговори и ќе ви биде полесно да ги комуницирате вашите сексуални потреби. Ќе повториме, сѐ што е во умерена доза може и треба да биде здраво за вашата интимна и сексуална врска со партнерот.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе