Зошто голманот на Јунајтед ги намачка ракавиците со вазелин?

Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана, одлично бранеше на дербито против Ливерпул, но вниманието го привлече и со потегот од првото полувреме при кратката пауза поради корнер.

Онана спаси неколку убави шанси за Ливерпул, а натпреварот заврши 2:2. Гостите доминираа во поголемиот дел од натпреварот, но Онана и тимот успеаја да освојат бод.

Во финишот на првото полувреме, додека Ливерпул требаше да изведе корнер, Онана извади вазелин од голот и почна да ги мачка ракавиците. Овој потег привлече големо внимание на социјалните мрежи.

Навивачите веднаш го забележаа овој необичен детаљ, а некои спортски сајтови се пошегуваа дека тоа е „причината поради која прима толку голови оваа сезона“.

Onana applies Vaseline on his gloves, no wonder he can't catch the ball.

Posted by Football Feed on Sunday, April 7, 2024

Сепак, Онана сепак имаше објаснување за овој потег. Имено, камерунскиот голман нанесе вазелин за да спречи влагата да помине низ порите на неговите ракавици, за да му останат суви рацете за време на натпреварот.

Со такви ракавици Онана сопре пет удари на играчите на Ливерпул, но двапати мораше да оди по топката во сопствената мрежа. Еднаш по корнерот и голот на Луис Дијас, а вториот пат по пеналот на Мохамед Салах.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Read more

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе