Зошто Јуве и Милан одлучија да не го донесат бисерот Кварацхелија?

Кристијан Ѕакардо откри дека Милан и Јувентус биле меѓу силно заинтересираните клубови за потписот на грузискиот бисер Хвича Кварацхелија, но сепак одлучиле против неговиот потпис.

Грузискиот репрезентативец летоска дојде во Наполи за 10 милиони евра и веќе направи огромен удар во Серија А и во Лигата на шампионите, а навивачите од Неапол веќе лудуваат по него и го сметаат за нова ѕвезда. Воедно, неговата вредност досега се искачи на 35 милиони евра.

Но, патот на Хвича во Калчото можел да биде многу поинаков бидејќи по неговиот потпис трчале и гигантите Милан и Јувентус. За интересот на овие два клуба сведочи Кристијан Ѕакардо, поранешниот фудбалер кој стана светски шампион со Италија во 2006 и кој посредувал за неговиот трансфер во Наполи.

„Ги пратев преговорите со Наполи и имав чувство дека другите (Милан и Јуве, заб. на прев.) се сметаа за задоволни со Леау и Кјеза“, изјави Ѕакардо.

Мамука Џугели, агентот на Кварацхелија, уште во август потврди дека „Бјанконерите“ го следеле 21-годишниот Грузиец и тоа подолго време, едно време дури и биле во преговори со неговиот поранешен клуб Рубин, но не ги продолжиле преговорите откако Фабио Паратичи си замина од клубот летото 2021 година.

Рафаел Леау, кој е две години постар од Кварацхелија, игра одлично за Милан постигнувајќи 4 гола и 7 асистенции во сите натпреварувања сезонава. А, пак, Федерико Кјеза кон крајот на месецов ќе наполни 25 години и се очекува наскоро да се врати на теренот по долгата пауза поради тешката повреда на коленото на почетокот од годинава.

Кварацхелија на 8 натпревари во Серија А постигна 5 гола и направи 2 асистенции, а во Лигата на шампиони постигна 1 гол и 2 асистенции во трите кола. Учествуваше и во акциите во многу други голови за Наполи. За Грузија има 10 гола на 19 натпревари, а месецов ѝ даде гол и на Македонија на оној натпревар од Лигата на нации во Тбилиси кој неговата репрезентација го доби со 2:0.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе