Ѕвезда на Реал прави шокантен трансфер и оди во Барселона

Трансфер на играч од Реал Мадрид во Барселона одамна не се случил, а тоа сценарио изгледа ќе го видиме во блиска иднина.

Како што пишуваат шпанските медиуми, ѕвездата на Реал, Марко Асенсио се одлучил за шокантен трансфер и заминување во Барселона.

Шпанските медиуми веќе со денови „зујат“ за овој трансфер, а угледното Радио Каталуња синоќа ја објави веста дека 26-годишниот Асенсио веќе потпишал преддоговор со Барселона.

Шпанскиот интернационалец има договор со Реал до крајот на сезоната, што значи дека на 1 јануари ќе може да потпише договор со клубот во кој ќе ја продолжи кариерата на 1 јули.

Асенсио на почетокот на месецот во интервју изјави дека „не може да тврди дека нема да игра за Барселона“, што дополнително ја заинтригира шпанската јавност.

Но, она што е уште поинтересно е што Асенсио е голем фан на Барселона иако се обидува тоа да го сокрие.

Сепак, беа „ископани“ неговите твитови од 2011 година кога ја прослави титулата на Барселона.

URL

Тој тогаш беше во младинскиот центар на Мајорка од која во 2015 година направи трансфер во Реал.

Оттогаш, тој забележа 239 настапи за Кралскиот клуб, постигнувајќи 50 голови.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе