10 работи што ги може Galaxy S7, но не и iPhone

Samsung неодамна го промовираше новиот смартфон Galaxy S7, а веќе почнаа споредбите со Apple iPhone. Новиот модел на корејската компанија на 11 март ќе се појави на пазарот, а вистинскиот одговор за новите функции ќе стигне во септември кога Apple ќе го промовира новиот модел, пишува TechInsider.

Прочитајте кои се 10-те функции што ги има Galaxy S7, но не и iPhone.

1. Galaxy S7 e водоотпорен

Иако iPhone 6 има некаква водоотпорност, сепак таа не е доволно силна за да издржи подолготрајно потопување во вода. Galaxy S7 има IP68 ознака и може да издржи длабочина од еден метар во текот на 30 минути.

2. Батеријата може да се наполни брзо

Новиот Galaxy има можност за брзо полнење кој овозможува полнење до 60 проценти за само половина час.

3. Има можност за безжично полнење

Galaxy S7 може да се полни и безжично, а и оваа опција е брза. Веројатно ќе биде попрактична опција за полнење во текот на денот.

4. Има побрз аутофокус

Камерата на Galaxy S7 има побрз аутофокус од последната верзија на iPhone.

5. Прави подобри фотки во лошо светло

Galaxy S7 има поквалитетна камера за снимање фотографии во услови на слабо светло.

6. Има можност за зголемување на капацитетот со microSD

Samsung го врати отворот за microSD картичка, што го дели со отворот за SIM картичката. Така може да му се зголеми капацитетот за дополнителни 200 GB.

7. Има посилна батерија

Стандардниот Galaxy S7 има батерија со јачина од 3.000 mAh, а S7 Edge со 3.600 mAh. Од друга страна, iPhone 6s има батерија од 1.715 mAh, a 6s Plus 2.750 mAh.

8. Samsung pay плаќањето важи и за стандардните читачи на картички

Новиот Galaxy овозможува плаќање на било кој читач на картички. Кај iPhone оваа функција работи само со читачите со вградена NFC технологија.

9. Има можност да не се гаси екранот

Galaxy S7 има функција која овозможува постојано да работи дел од екранот кој ги прикажува основните податоци и нотификации.

10. Виџетите се покажуваат и на закривениот дел

Една работа што iPhone нема да може да ја надмине е приказот на информации на закривениот дел од екранот.

 

 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе