8 болести кои ги пренесуваат комарците

Вирусот Зика и маларијата не се единствените болести кои можат да се добијат по каснување од заразен комарец.

Можеби најпознатата болест што ја пренесуваат комарците е вирусот Зика, кој го оштетува мозокот на новороденчињата. Но, оваа болест не е единствената...

Маларија

Маларијата се наоѓа во повеќе од 100 земји, главно во тропските предели. Симптомите може да вклучуваат треска, студ и треперење.

Според извештајот на СЗО од 2015 година, речиси 3,2 милијарди луѓе се изложени на ризик да заболат од маларија. Само таа година имаше 214 милиони нови инфекции и 438.000 смртни случаи.

Жолта треска

Оваа болест е ретка кај туристите и може да се најде во Супсахарска Африка, Јужна Америка и делови од Карибите. Симптомите се движат од блага до тешка треска и може да се спречат со вакцинација.

Денга треска

Околу една третина од светската популација живее во области каде што може да се појави денга треската. Најмалку 100 милиони луѓе заболуваат од оваа болест секоја година, што ја прави најсмртоносна во тропските и суптропските предели.

Минатата година ОН побара да се испрати помош во Јемен бидејќи 3.000 луѓе беа заразени.

Чикунгуња вирус

Откриен е во 2013 година, а епидемии се забележани во Африка, Азија, Европа и Индискиот и Тихиот Океан. Болеста се карактеризира со отекување на зглобовите, главоболки и болки. Лек сѐ уште не е пронајден.

Западнонилски вирус

Западнонилскиот вирус е една од најчестите болести што ги пренесуваат комарците, но предизвикува проблеми кај помалку од еден процент од заразените, кои се разболуваат со симптоми слични на грип. Во тропските предели може да се добие во текот на целата година. Ја предизвикува болеста западнонилска треска.

Источен коњски енцефалитис

Исто така се смета за една од најчестите болести меѓу оние што ги пренесуваат комарците и убива околу 35% од заразените, додека 50% завршуваат со сериозно оштетување на мозокот.

Болеста е пријавена во САД, Канада, Централна и Јужна Америка.

Западен коњски енцефалитис

Ги напаѓа и луѓето и коњите. Првиот случај бил пријавен во 1930 година во Калифорнија. Главно се наоѓа во западниот дел на САД и Мексико, а симптомот е или блага слабост или нема никакви симптоми.

Јапонски енцефалитис

Се јавува главно во Азија и западниот дел на Пацификот. Некои пациенти може да немаат никакви симптоми, но повеќето добиваат воспаление на мускулите и грчеви.

Во еден од 250 случаи болеста го напаѓа мозокот и тогаш нема лек.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе