8 видови овошје кои се најдобри за губење килограми

Овошјето содржи малку калории и е богато со влакна и витамини. Покрај тоа, ви дава подолго чувство на ситост, па затоа е важно за време на процесот на слабеење.

Иако постои верување дека овошјето содржи големи количества шеќер и дека треба да се избегнува во процесот на слабеење, консумацијата на овошје всушност ја намалува тежината и ризикот од дијабетес, висок крвен притисок и други болести.

Грејпфрут

Грејпфрутот обично се поврзува со диети и слабеење. Половина грејпфрут (околу 120 грама) содржи околу 35 калории, додека обезбедува 51% од дневната вредност на витамин Ц. Има низок гликемичен индекс, што значи дека побавно го ослободува шеќерот во крвотокот.

Јаболка

Јаболката се нискокалорични и содржат многу влакна, што е добро доколку сакате да ослабете. Најдобро е да ги јадете цели за да го намалите гладот ​​и апетитот. Можете да ги комбинирате со разни јадења, но најдобро е да ги јадете како свежа храна.

Бобинки

Бобинките се многу популарни како додаток на разни каши. Сите видови бобинки се нискокалорични и содржат голем број на хранливи материи. Богати се со витамини Ц, К и манган, а можат да помогнат во намалување на холестеролот, воспалението и крвниот притисок.

Овошје со семка

Ова овошје вклучува праски, нектарини, сливи, цреши и кајсии. Имаат низок гликемичен индекс и богати се со витамините Ц и А. Овој вид на овошје може да се јаде како додаток во овошни салати, каши, но и како додаток на солени јадења како што се чорбите.

Киви

Кивито е многу богато со хранливи материи, одличен извор на витамини Ц и К, фолна киселина и влакна и има значителни здравствени придобивки, помагајќи да се намали ризикот од дијабетес. Кивито може да помогне во контролата на шеќерот во крвта, да го подобри холестеролот и да го поддржи здравјето на цревата

Лубеница и диња

Лубениците и дињите се нискокалорични и богати со вода, што ги прави одлични за контрола на тежината. Околу 150 грама од ова овошје содржи околу 50 грама калории. Тие се исто така богати со растителни влакна и содржат калиум и витамин Ц. Сепак, имаат висок гликемиски индекс, па затоа е важна контролата на порциите.

Портокали

Како и сите цитрусни овошја, портокалите се нискокалорични, богати со витамин Ц и влакна и многу заситуваат. Иако луѓето почесто ги консумираат цедени, всушност најдобриот начин е да се јадат.

Банани

Некои луѓе избегнуваат банани кога се обидуваат да ослабат бидејќи содржат повеќе шеќер и калории. Сепак, тие се побогати со хранливи материи како што се калиум, магнезиум, манган и витамини Б6 и Ц.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Здравје

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе