Аца Лукас потпишал за македонски фудбалски второлигаш

Веројатно и најголемите фанови на српската турбофолк ѕвезда не знаат дека изминатиов зимски преоден рок Аца Лукас одлучил да смени професија и да заигра за фудбал за Кожуф од Гевгелија.

Така барем известија неколку домашни спортски медиуми.

Правејќи преглед на сите трансфери во македонската втора фудбалска лига, одредени медиуми известија и дека Александар Вуксановиќ е ново засилување на гевгелиски Кожуф. Наводно дошол од српскиот клуб Моравац.

Тоа е всушност вистинското име на турбофолк ѕвездата Аца Лукас, иако играч со идентично име и презиме навистина постои, но е 20-годишен хрватски лев бек кој според Transfermarkt игра за хрватскиот нисколигаш Вутекс-Слога. Инаку, во македонскиот фудбал странци можат да играат само во првата лига, а не и во втората.

Како Аца Лукас завршил во Кожуф?

Па не завршил. Македонскиот портал нa англиски јазик, MacedonianFootball, револтиран од тоа што секој трансфер период одредени медиуми им го „позајмуваат“ прегледот на трансфери и си го објавуваат како нивно дело без ниту да спомнат од каде препишале, одлучил овој пат да ги насанка, па дечките од овој сајт поставиле неколку измислени егзотични трансфери.

„За жал некои портали наседнаа на нашата шега. Како и секоја година, нашата екипа цела зима макотрпно работеше на евиденција на сите трансфери од 1.МФЛ и 2.МФЛ и пред почетокот на втората полусезона на нашиот сајт ја објавивме комплетната трансфер листа, Но, додадовме и неколку 'натрапници'. Едно од овие имиња е и Аца Лукас (вистинското име му е Александар Вуксановиќ), а некои портали ја ископираа целата листа. И не само што не го наведоа изворот, туку и на слепо ја ископираа листата без да проверат што објавуваат“, објаснуваат од MacedonianFootball.

Контактирајќи ги колегите од MacedonianFootball, тие за Кајгана изјавија дека во објавените трансфери имало и други натрапници. Едниот го познавме како Фикрет Јахиќ, внук на Лепа Брена, додека останатите биле вистински играчи, но во маалски фудбал и другари на познаник на тимот на овој портал, а нивните имиња не ги открија.

Тагови
реклама

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Матурант од Струмица најден мртов на нива

Read more

Печатот во пасош заминува во историја: ЕУ воведува нов систем на границите

Read more

Најголемиот светски производител на алкохол во проблеми

Read more

#мкфејл

Достигнување на денот

Read more

Дебармаалско секојдневие

Read more

Камион на Комунална хигиена собра новогодишни сијалички во Центар

Read more

Зидан - Матераци од македонското Собрание

Read more
 

Магазин

Кои фактори влијаат на изгледот на вашето бебе?

Читај повеќе

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Читај повеќе

Како да се ослободите од мирисот на мувла на крпите?

Читај повеќе

Кој е вашиот прв спомен од ГТЦ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Полнети пиперки со булгур пченица по грчки рецепт

Читај повеќе

Дали е време да им раскинете на пријателите?

Читај повеќе

Ликовен конкурс за млади сликари како дел од „Вевчански видувања“

Читај повеќе

Дали е можно да претерате со јадење домати?

Читај повеќе

4 грешки при чистење на телевизорот што може да го уништат екранот

Читај повеќе