Агенцијата за медиумите објави извештај за предизборното претставување

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги денес го објави извештајот од мониторингот на медиумското претставување за претстојните претседателски и парламентарни избори за периодот од 15 февруари до 7 март 2024 година.

Со мониторингот беа опфатени 9 национални телевизиски програмски сервиси – МТВ1, МТВ2, ТВ Алсат-М, ТВ Алфа, ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Телма, ТВ 21-М и ТВ 24 вести. Во извештајот се анализирани прилозите во централните изданија на вестите/ТВ-дневникот поврзани со теми за предизборието и со домашните актуелни општествено-политички случувања, како и другите видови емисии од овој тематски делокруг.

Наодите од мониторингот покажаа дека во овој период не се констатирани прекршувања на одредбите од Изборниот законик.

„На програмските сервиси ретко беа забележани новинарските информативни прилози во контекст на партиски предизборни ветувања, а мошне често беа нагласени критичките прилози за постојните, тековни општествено-политички последици од недоволно обмислени, лошо менаџирани политики на претходната и на одредени структурни делови од составот на преодната Влада“, велат од АВМУ.

Забележани се разни степени на новинарска критичка зрелост во односот кон псевдонастаните, што во предизборието, како активен облик на самопромоција, ги организираат партиите и одредени носители на јавни функции во составот на преодната Влада. Без исклучок – сите информативни редакции, доминантно покажаа интерес за темите поврзани со административните лавиринти за замена на документите за лична идентификација, каскадната одговорност за системска негрижа за пациенти со ретки и/или со тешки заболувања и навредливата реторика и политичката некултура во комуникацијата меѓу некогашни носители на јавни функции и медиумските работници.

Информирање за лицата со сетилна попреченост единствено обезбедија МТВ 1 и ТВ 24 вести.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе