СЕРИЈА А 2022/2023

Алегри: Нека одлучат еднаш каде сакаат да бидеме на табелата

Јувентус нема по добро да го помни вчерашниот ден. Им беа одземени 10 бодови, а Емполи ги торпедираше со 4:1.

Да потсетиме, на „Старата дама“ синоќа ѝ беше потврдено дека поради скандалот со незаконски стекнатите капитални добивки ѝ се одземаат 10 бодови од нејзиното бодовно салдо стекнато во тековнава сезона, поради што сериозно ѝ е загрозен пласманот во Европа наредната сезона. Згора на тоа, ситуацијата дополнително ја искомпликуваа мотивираните играчи на Емполи со победата од 4:1.

„Тоа беше кукавички. Играчите дадоа сѐ од себе сезонава. Нормално, чудна беше ситуацијата што казната стигна 10 минути пред натпреварот. Моментално сѐ што можеме да наравиме е да замолкнеме и да го прифатиме поразот. Пред натпреварот освоивме 69 бодови и бевме втори на табелата, нека тоа биде јасно“, изјави нервозниот Масимилијано Алегри.

Многумина велат дека високиот пораз синоќа бил последица на одлуката на Судот која стигна токму пред играчите да истрчаат на теренот.

„Не можам да им замерам на играчите бидејќи ситуацијата не е лесна. Ниту идните неколку дена нема да биде лесно бидејќи испаднавме од Лига Европа, а потоа ја добивме веста за одземањето на бодовите 10 минути пред натпреварот, а три месеци како ни се одземаат и враќаат бодови. Не е оправдување, но без сомнеж ова е ненормална сезона за нас и без обѕир на тоа момците освоија 69 бодови“, додаде.

„Сакам да истакнам една работа. Јувентус е втор на табелата, тоа го заслуживме на теренот. Прифаќаме сѐ, но навистина се надевам дека еднаш засекогаш ова ќе се реши. Само нека одлучат каде го сакаат Јувентус, кажете ни и решете го проблемот. Тоа е недостаток на почит кон луѓето што работат, играчите и тренерите. Не им кажувам што да одлучат, само барам да одлучат еднаш засекогаш. Тоа е неверојатно. Едноставно неверојатно. Што е многу, многу е“.

„Сега можеме само да се надеваме дека наредената сезона ќе ја започнеме знаејќи каква е ситуацијата. Би сакал пред два месеца да ни кажеа каква е казната и да ни кажеа дали ќе бидеме избодени или отруени, бидејќи така барем ќе знаевме на што сме“, заврши лутиот предводник на „Бјанконерите“.

URL
реклама

Фудбал

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе