УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2020/21

Алиоски: Шанса да ѝ се реваншираме на Ерменија

Езџан Алиоски во претстојниот натпревар со Ерменија, меѓудругото, гледа шанса да ѝ се реваншираме за високиот пораз од последната меѓусебна пресметка.

Пред две години, исто така во Лигата на нации, Македонија беше поразена со високи 4:0 во Ереван. Сепак завршивме први во групата таа сезона, и покрај тој горчлив пораз. Сега токму против Ерменија ја стартуваме новата сезона, в сабота во Скопје. По Ерменија, во вторник играме со Грузија, репрезентација која може да биде наша последна пречка пред ЕУРО 2020, нормално, доколку прво го поминеме Косово во баражот во октомври.

„Се вративме дома, тренираме на овој стадион каде правиме историја, ама има уште да правиме, ништо не е готово затоа што ако не отидеме на Европското ќе викаме само дека игравме добро, имавме добри резултати. Имаме време, имаме две утакмици пред Косово. Имаме добра група и јас очекувам да победиме на двата натпревара. Со Ерменија игравме овде, а знаеме како беше таму. Ни дојде како реванш да им покажеме дека сме подобри од нив. Потоа одиме во Грузија. Со нив може да играме и во финале пред Европското, така да ова е добар тест да видиме како игра Грузија“, рече Џани пред синоќешниот прв тренинг.

Тој со својот Лидс Јунајтед избори пласман во Премиер лигата и тоа како првопласиран во Чемпионшип, па има додатна мотивација.

„Имам сега мотивација бидејќи го освоив Чемпионшип. Не знам во каков формат ќе се игра, сега е одмор, имам тренинзи веќе две недели каде дадов максимум. Има време да дојдам до најдобрата форма, но сега сакам да одиграме најдобро овде, да дадам максимум. Што ќе биде потоа, не знам, ова сега е важно“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе