„All Eyez On Me“ доби нов трејлер
Објавен е нов трејлер за биографскиот филм посветен за Тупак Шакур. Филмот ја раскажува приказната за еден од најпознатите и најпрепознатливите рапери, музичар кој почина на 25-годишна возраст.
Неговиот талент и моќната лирика оставија трага во музиката, а самиот Тупак стана еден од најзначајните музичари во светот.