AlphaDog  - кинескиот одговор на роботското куче на Boston Dynamics

Weilan, компанија со седиште во Нанѓинг, Кина, разви роботско куче наречено AlphaDog.

AlphaDog е роботско куче опремено со сензори и вештачка интелигенција што му овозможува да извршува голем број функции.

Кинескиот робот е многу сличен на Sport, роботско куче произведено од Boston Dynamics. Тоа е робот со четири нозе што е повеќе ориентиран кон комерцијалниот пазар отколку за бизнис корисници.

„Многу личи на вистинско куче“, вели Ма Ѓие, еден од шефовите на компанијата Weilan.

Кучето-робот може да се движи со брзина до 15 км/ч, што значи дека е најбрзиот робот на пазарот. Тој е многу стабилен и може да ги предвиди видот и висината на подлогата и да се прилагоди на неговата околина. За да може роботот да функционира автономно, тој користи технологија 5G.

Продажбата во Кина веќе започна, а во текот на првиот месец беа продадени над 1.800 роботи. Цената на едно роботско куче е 2.400 долари.

„Најчесто ги нарачуваат програмери, гикови, но и деца на кои им се допаѓа ваквото ‘милениче’“, рече Ма.

Од Weilan се надеваат дека нивното роботско куче AlphaDog наскоро ќе може да им помага на лицата со оштетен вид.

„Помагањето на лицата со оштетен вид е важна цел за нас. Кога роботот ќе добие функција на вид, слух и дијалог, тој ќе може лесно да комуницира со лица со оштетен вид, да ги однесе до автобуската станица, супермаркет и слично", додаде Ма.

Компанијата има и поголемо куче-робот наменето за индустриска инспекција и одржување на машини.

Remote video URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе