„Amazing Stories“: Погледнете го трејлерот за новата ТВ-серија на Стивен Спилберг
Apple објави трејлер со кој најавува антологиска серија во продукција на Стивен Спилберг.
Новата телевизиска серија „Amazing Stories“ ќе се прикажува од 6 март на Apple TV Plus сервисот, а ја оживува истоимената серија на NBC, која за првпат е емитувана во 1985 година.
Изворната серија претставува микс од фантазија, хорор и научна фантастика, а слична би требало да биде и новата. Од првиот трејлер може да се види што може да очекуваме од серијата. Во трејлерот е акцентирано дека станува збор за пет посебни приказни меѓу кои еден дедо има суперхеројска моќ.