Американката Р'Бони Габриел е Мис Универзум 2022

На годишниот меѓународен избор за Мис Универзум, кој годинава се одржа во Њу Орлеанс, круната ја освои Р'Бони Габриел од САД.

Р'Бони Габриел е модна дизајнерка, инструкторка за шиење и модел, како и прва Американка со филипинско потекло што ја освоила титулата Мис САД.

Таа рече дека нејзината мисија е „жените и младите девојки да се видат себеси во неа и да се чувствуваат инспирирани да ги постигнат своите цели со тоа што ќе го прифатат тоа што се“.

URL

Повеќе од 80 натпреварувачки се бореа за титулата Мис Универзум 2022 година. Прва придружничка е Аманда Дудамел од Венецуела, додека втора придружничка е Андреана Мартинез Фуние од Доминиканска Република. Другите финалистки доаѓаат од Порторико и Курасао.

Р'Бони ја презеде титулата од минатогодишната победничка Харнааз Санду од Индија.

71. издание на Мис Универзум се одржа во Њу Орлеанс во конгресниот центар Ernest N. Morial. Се одржа неколку месеци подоцна од вообичаено, поради промени во организацијата. За оваа година, една од измените е што наместо традиционалните 20, жирито избра 16 натпреварувачи за саботната церемонија.

URL

Неколку фаворити се истакнаа од самиот почеток, парадирајќи во свечена, традиционална облека и костими за капење на претходниот настан, кој беше емитуван на YouTube во средата.

При претставувањето на народните носии најмногу внимание привлече учесничката од Украина, чија носија и порака сега ја коментираат бројни корисници на социјалните мрежи. Украинката Викторија Апасенко прошета во костим инспириран од Архангел Михаил, воинот на светлината кој го победува злото. Таа носеше бел фустан со златно елече, а на крилјата ги носеше боите на Украина.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе