Американската војска инвестира 20 милиони долари во склопливи дронови

Војската на САД потпиша договор од 20 милиони долари со калифорнискиот Skydio за производство на склопливи дронови.

Целта на американската војска е да се дистанцира од странските и комерцијално достапни дронови, па Skydio сега ќе ги произведува своите беспилотни летала X2D за воената програма SSR (Short Range Reconnaissance).

Војската на САД ќе ги опреми војниците со беспилотни летала кои брзо се ставаат во акција и се користат за извидување и надзор во краток досег. Воената програма SSR веќе некое време ја разгледува можноста за употреба на мали беспилотни летала, а досега 30 компании доставиле свои предлози. Ригорозните тестирања ја скратија листата на пет компании, а победник беше споменатиот Skydio.

Според бараните спецификации, беспилотните летала треба да можат да поминат 30 минути во воздух, досегот не смее да биде помал од три километри, а да издржат брзина на ветер до 28 км/ч. Бидејќи се работи за извиднички задачи, дронот треба да поддржува и мапирање и можност за гео-означување на фотографиите.

Дронот X2D има оптички термални сензори со две бои кои можат да снимаат видео во 4K, а исто така е опремен со технологија за ноќно летање базирана на GPS. 35-минутниот лет вклучува максимална брзина од 40 км/ч, како и способности за вештачка интелигенција како што се избегнување пречки и откривање предмети.

Remote video URL

Дронот е полесен од 1,3 кг и може да се преклопи за да ги намали димензиите за половина од големината при лет. Склопливиот дрон може да се расклопи и подигне во воздух за 75 секунди. Контролерот тежи неколку стотици грама помалку од дронот и има екран кој може да пренесува видеорезолуција од 720p додека „комуницира“ со дрон оддалечен до 6 километри.

Предноста на Skydio е фактот што дизајнот, производството и поддршката се направени на американско тло. Во 2017 година, американската војска ја забрани употребата на комерцијални дронови DJI поради безбедносни ризици, а минатата година беа забранети сите беспилотни летала и потсистеми на други земји.

Во јуни 2020 година, американската војска нарача и „џебни дронови“ со тежина од 33 грама, кои можат да летаат до 25 минути.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе