Ангеловски дури преку суд ја добил премијата од ФФМ за настапот на ЕУРО

Филип Здравески
/ 20.06.2023 / 15:03

Адвокатот на поранешниот селектор на репрезентацијата на Македонија откри дека морал да ја даде на суд ФФМ за да си ја добие премијата што му следуваше за пласманот на ЕУРО 2020.

Игор Ангеловски од летото 2021 година не е повеќе селектор на македонската фудбалска федерација, откако претходно дури 6 години беше на клупата. Јавна тајна е дека со новото раководство на ФФМ беше во лоши односи, па очекувано беше што договорот му беше продолжен само заклучно со Европското првенство, на кое тој ја однесе Македонија преку Лигата Д од Лигата на нации.

Познатиот скопски адвокат Александар Тортевски откри на социјалните мрежи дека ФФМ не сакала да му ја исплати договорената премија на Ангеловски, онаа за историскиот пласман на ЕУРО. Популарниот Мрме морал на суд да си ја бара правдата, и нормално ја добил.

„По историскиот успех на репрезентацијата и пласманот на ЕП, претседателот Сејдини прво што направи е да го избрка селекторот, а на сите членови на УО на ФФМ им додели награди од по 20.000. Патем, на Игор Ангелевски не сакаше да му ја исплати наградата, па моравме да одиме по судови“, објави Тортевски.

URL

Инаку, освен членовите на ОУ, ФФМ им исплати премии и на играчите и на сите ангажирани околу репрезентацијата. Списокот со премиите тогаш го објавија колегите од Sport1.

Потоа во јавноста излезе и списокот со премиите за членовите на Управниот одбор на ФФМ.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе