Анри ги дематираше гласините - нема намера да ја води Белгија

Досегашниот помошник на Роберто Мартинес не се пријави на конкурсот за нов селектор на Белгија.

Поранешниот француски фудбалер Тјери Анри демантираше дека сака да биде нов селектор на белгиската репрезентација, пренесува Sky Sports.

Некои француски медиуми објавија дека Анри ѝ понудил на Кралската фудбалска асоцијација на Белгија (РБФА) да биде нов селектор на оваа земја по заминувањето на Роберто Мартинес.

Белгија во моментов е без селектор, бидејќи Мартинес поднесе оставка по елиминацијата во групната фаза на Светското првенство во Катар и набрзо најде нов ангажман на клупата на репрезентацијата на Португалија.

„Би сакал да биде потполно јасно дека никогаш не сум контактирал со РБФА за да ги понудам моите услуги како нов селектор на репрезентацијата“, изјави Анри за Sky Sports.

Анри беше асистент на Мартинес во белгиската репрезентација од 2016 до 2018 година, а потоа и од 2021 година до оставката на Шпанецот. Мартинес неодамна ја презеде репрезентацијата на Португалија.

Французинот (45) беше тренет на канадски Монтреал Импакт и Монако, а за француската репрезентација одигра 123 натпревари и постигна 51 гол.

РБФА на крајот на минатата година објави конкурс за нов селектор на Белгија, но сѐ уште нема назначено човек кој ќе ја предводи „Црвените ѓаволи“ во квалификациите за ЕУРО 2024. Белгија првиот предизвик го има на 24 март кога игра против Шведска на гости во Солна. Во квалификациската група Ф се уште и Австрија, Азербејџан и Естонија.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе