Антикорупциска со предупредување по разрешувањето на Дамева

По вчерашното разрешување на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, Државната комисија за спречување корупција изрази сериозна загриженост за случувањата на седницата.

Од таму денес преку соопштение ги потсетија членовите на Судскиот совет дека тие, како највисок орган на судската власт, треба да се залагаат за бескомпромисно почитување на принципот на владеење на правото и да обезбедат независност за судската власт.

„Државната комисија ги потсетува лицата што се на највисоки државни функции и вршат јавни овластувања на обврската за почитување на начелата на законитост и интегритет од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите. Начело на законитост: (1) Секој е должен во вршењето на функцијата, јавните овластувања и службената должност да постапува во согласност со Уставот и со законите. (2) Никој не смее да ги користи функцијата, јавното овластување, службената должност и положбата за извршување или пропуштање дејствие, што според законот не смее, односно мора да го изврши, ниту да го подреди извршувањето на законито дејствие на својот личен интерес ниту на интересот на друго лице. (3) Никој не може да биде повикан на одговорност за корупција, освен во случаите и условите предвидени со овој закон, со Кривичниот законик и друг закон и во постапка пропишана со законот. Начело на интегритет: (1) Секој е должен во вршењето на функцијата, јавното овластување и службената должност да постапува совесно, стручно, одговорно, чесно, ефикасно и непристрасно. (2) Службеното лице во извршувањето на јавните овластувања и должности е должно да ги почитува начелото на законитост, начелото на еднаквост, начелото на јавност, етичките норми и професионалните стандарди, без дискриминација или повластување на кој било, со целосно почитување на јавниот интерес. (3) Службеното лице во вршењето на својата функција е должно да внимава на евентуален судир на интереси и при извршувањето на јавните овластувања и должности не смее да се раководи од лични, семејни, верски, партиски и етнички интереси, ниту од притисоци и ветувања од претпоставениот или од друго лице“, соопшти Комисијата.

Оттаму потсетија и на членот 39 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите.

„Член 39 забранува какво било влијание при избор, именувања и разрешување на раководни места. Политичка партија или лице што настапува во име на политичка партија не смее да врши притисок при избор или именување или разрешување лице на службена, раководна или друга функција или должност, освен во случаите во кои со закон е определена надлежност на претседателот на Републиката, Собранието и Владата на Република Македонија, или органите на единиците на локалната самоуправа да вршат избор, именување или да даваат мислење или согласност“, потсети ДКСК.

Антикорупционерите очекуваат за случувањата во судството да се вклучат и да реагираат сите релевантни државни субјекти.

Комисијата предупреди на почитување на законските обврски непосредно пред почетокот на денешната седница на Судскиот совет, на која е најавен избор на нов претседател по вчерашното разрешување на Дамева, но новинарите, снимателите и фоторепортерите денес не им беше дозволено да влезат и да ја следат седницата. Обезбедувањето добило наредба да не ги пушта во просториите во кои ќе се прави изборот на нов претседател.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе