Apple со најголема заработка во историјата на смартфоните

Технолошкиот гигант Apple постигна исклучително успешни резултати дури и за време на пандемијата, имајќи предвид дека заработката на секоја одделна линија на производи се зголеми, а компанијата заработи повеќе од 100 милијарди долари во последниот квартал.

Сепак, Apple сè уште е најпознат по својот iPhone кој учествуваше со речиси 59 проценти во приходите на компанијата за време на празничната сезона. Продажбата на овој телефон се зголеми за 17 проценти на неверојатни 65,6 милијарди долари за еден квартал.

Тоа е голема промена од претходниот празничен квартал кога продажбата на iPhone порасна за само 7,6 проценти.

Apple веќе не нуди само продажба на своите производи, но според истражувачката фирма IDC, технолошката фирма испорачала 90,1 милиони телефони во текот на кварталот.

„Ова се смета за најголема заработка во кој било квартал откако IDC започна да ја следи продажбата на паметни телефони“, рече аналитичарот Франциско Jerеронимо.

Извршниот директор на Apple, Тим Кук, рече дека заработката на iPhone може да биде подобра, како и резултатите на компанијата, да не беа за затворањата на продавниците заради пандемијата.

„Исклучувањето на продавниците од таа наша равенка ја отежнува продажбата, особено кога станува збор за iPhone и други слични уреди“, рече Кук.

Тој додаде дека новиот iPhone чини повеќе, но исто така обезбедува и значајна надградба на софтверот со привлекување не само на стари корисници, туку и нови кои досега користеле само Android.

„Гледајќи го ‘семејството’ на iPhone 12, можеме да забележиме дека надградбата на нашиот софтвер се зголемува од година во година и во моментов достигнуваме максимум со овој модел што досега го немаме видено во ниту еден квартал“, посочи Кук.

Тој смета дека 5G е потенцијално атрактивна опција за продажбата на iPhone 12 и дека така ќе биде до крајот на годината. Сепак, како што додаде, има проблем што 5G е успешно воспоставен само во Кина, додека во другите региони оваа мобилна мрежа не е толку добро изградена, особено во Европа, пишува CNBC.

Тагови
реклама

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе