Ништо од одбрана на титулата

Аргентина му ја одзеде на Бразил олимписката виза

Машката фудбалска репрезентација на Бразил нема да ја брани титулата олимписки победник летово во Париз. Имено, во решавачкиот натпревар од последното 3. коло од последната група на јужноамериканскиот квалификациски турнир што се игра во Венецуела, Бразил загуби со 0:1 од најголемиот ривал - Аргентина.

Стрелец на единствениот гол за аргентинската репрезентација до 23 години, предводена од Хавиер Масчерано, беше Лусиано Гондо во 77. минута.

Аргентина го заврши натпреварувањето во финалната група на второто место со 5 бода, додека Бразил остана трет со 3 бода.

Заедно со Аргентина, јужноамерикански претставник на Олимписките игри во Париз ќе биде Парагвај, кој во последниот натпревар на турнирот го совлада домаќинот Венецуела со 2:0 и со тоа го освои првото место со 7 бода. Венецуела, пак, остана последна во групата со само бод.

Покрај златото освоено пред три години во Токио, Бразил освои и злато на домашен терен во 2016 година во Рио де Жанеиро, а ова е првпат по 2004 година да не се пласираат на Олимпијадата. Аргентина, пак, ја освои титулата олимписки победник во фудбал во Атина во 2004 година и во Пекинг во 2008.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе