Археолози најдоа чудна карпа со мистериозни ознаки: Ова е нашата мапа до скриено богатство

Археолози велат дека парче карпа старо 4.000 години со мистериозни ознаки е нивната „мапа до скриено богатство“ бидејќи обезбедува еден вид водич за скриените древни места низ Северозападна Франција.

Во 2021 година, научниците ја прогласија плочата Сен-Белек за најстарата мапа во Европа и оттогаш се обидуваат да ги дешифрираат нејзините гравури.

„Користењето мапа за пронаоѓање археолошки локалитети е одличен пристап. Ние обично не го правиме тоа“, рече археологот Иван Паје од Универзитетот во Западна Бретања (УБО) во Франција. Имено, археолозите најчесто дознаваат за скриените локации преку радарски снимки, снимки од воздух или случајно, при градежни работи. „Тоа е мапа до скриено богатство“, рече Паје.

Откриена во 1900 година

Оваа древна „мапа“ покажува област со големина приближно 30 на 21 километар, а колегата на Паје, Клеман Никола, од францускиот Национален центар за научни истражувања (CNRS), вели дека археолозите ќе мора да ја истражат целата територија и да ги споредат ознаките на плочата. Тој додава дека оваа работа би можела да трае 15 години.

Никола и Паје беа дел од тимот кој повторно ја откри плочата во 2014 година. Првично беше откриена во 1900 година од локален историчар кој не ја разбрал нејзината вистинска важност. На француските експерти им се придружија колеги од други институции во Франција и странство и тргнаа да ја откријат мистеријата на древната карпа, пишува AFP.

URL
Областа опфатена со „мапата“ веројатно припаѓа на древно кралство

„Имаше неколку врежани симболи кои веднаш добија смисла“, рече Паје. Имено, во грубите гребени и линии на плочата, тие можеа да ги погледнат реките и планините на Рудуалек, дел од Бретања. Археолозите ја скенирале карпата, ја споредиле со модерните мапи и пронашле приближно 80% совпаѓање.

„Ние сè уште треба да ги идентификуваме сите геометриски симболи, легендата што оди со нив“, вели Никола.

На плочата има мали вдлабнатини, за кои научниците веруваат дека може да претставуваат гробни могили, живеалишта или геолошки наоѓалишта. Откривањето на нивното вистинско значење може да доведе до цела поплава од нови откритија. Имено, областа што ја покрива оваа „мапа“ веројатно припаѓа на древно кралство од бронзеното време.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе