Aspark Owl забрза од 0 до 100 км/ч за 1,9 секунди
Мала автомобилска компанија од Јапонија успеа да го направи најбрзиот електричен хиперавтомобил во светот. Досега електричните автомобили не беа сметани како сериозни конкуренти кои би можеле да забрзаат до 100 км/ч за помалку од 2 секунди, но овој автомобил покажа дека работите полека се менуваат.
Asparka Owl е невообичаено привлечен автомобил, кој изгледа подеднакво убаво на тркачката патека, но и на улиците. Тој беше претставен на светската публика лани, на Саемот за автомобили во Франкфурт. Тогаш производителот рече дека автомобилот има 430 коњски сили и може да постигне брзина од 100 км/ч за 2,2 секунди, но овој викенд автомобилот го урна тој рекорд и постави ново најбрзо време од само 1,9 секунди.
Пред да почнат со тестот, луѓето кои беа дел од екипата при тестирањето ги загреваа гумите на автомобилот. Додека ова секако е импресивен резултат, производителите рекоа дека ќе продолжат да работат на автомобилот и во наредните неколку месеци за да достигнат уште подобар временски скор.