AstraZeneca и Pfizer ефикасно штитат од индиската мутација на COVID-19

Најновото истражување на Здравствениот институт на Англија покажа дека вакцините на компаниите Pfizer и AstraZeneca се ефикасни во заштитата на луѓето од индиската мутација на коронавирусот.

Анализата спроведена меѓу 5 април и 16 мај покажа дека вакцините на Pfizer се 88% ефикасни во случај на индискиот вид коронавирус две недели по земањето на втората доза. Од друга страна, против британскиот вид коронавирус, вакцините на Pfizer покажаа ефикасност од 93%.

Научниците ја испитале и ефикасноста на вакцината на AstraZeneca врз индискиот вид коронавирус. Според студијата, AstraZeneca покажала ефикасност од 60% кога станува збор за индискиот вид коронавирус, што е за 6% помалку од заштитата што вакцината ја обезбедува од британскиот вид.

Според британски Guardian, причината поради која постои разлика во ефикасноста меѓу двете вакцини може да биде што на вакцината на AstraZeneca и треба малку подолг период за да достигне максимална ефикасност. После тоа, вакцината, според научниците, обезбедува значително подолга заштита од коронавирусот.

– Сега е сосема јасно зошто е важна втората доза на вакцината за да се обезбеди најсилна заштита од коронавирус и сите негови варијанти, рече британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

Со оглед на заштитата што вакцините ја даваат од различни варијанти на коронавирус, истражувачите истакнаа дека очекуваат вакцината да достигне максимална ефикасност и кога станува збор за намалување на бројот на хоспитализации и смртни случаи.

– Студијата покажа дека вакцините обезбедуваат високо ниво на заштита од симптоматски случаи на зараза со индиската мутација на коронавирусот. Очекуваме да обезбедат истата заштита со цел да се намали бројот на смртни случаи и хоспитализации поради зараза со коронавирусот, рече шефот на одделот за имунизација во Здравствениот институт на Англија.

Од почетокот на процесот на вакцинација во Англија, спроведени се неколку студии за анализа на ефикасноста на вакцините во борбата против коронавирусот.

Според овие податоци, програмата за вакцинација во Англија досега спречила повеќе од 13.000 смртни случаи од коронавирус, како и најмалку 39.100 хоспитализации, особено на постари лица.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе