Астрофановите одушевени од новата фотографија од Сатурн што ја прати James Webb

На 25 јуни, напредниот вселенски телескоп James Webb сними нова фотографија од Сатурн, втората по големина планета во Сончевиот Систем, која НАСА ја објави денеска.

Самиот Сатурн изгледа исклучително темно во оваа инфрацрвена бранова должина на која гледа телескопот, бидејќи метанот ја апсорбира речиси целата сончева светлина што ја погодува атмосферата. Сепак, ледените прстени остануваат релативно светли, што доведува до необичен изглед на Сатурн на сликата на James Webb.

Оваа слика е направена како дел од програмата Webb Garanted Time Observation 1247.

Програмата вклучуваше неколку многу длабоки изложувања на Сатурн, кои беа дизајнирани да ја тестираат способноста на телескопот да ги детектира слабите месечини околу планетата и нејзините светли прстени.

Секоја новооткриена месечина би можело да им помогне на научниците да создадат поцелосна слика за сегашниот систем на Сатурн, како и за неговото минато.

Оваа нова слика на Сатурн јасно ги прикажува деталите во планетарниот прстен, заедно со неколку месечини на планетата - Диона, Енцелад (Енкелад) и Тетис, што ги одушеви вљубениците во астрономијата.

URL

Дополнителни подлабоки експозиции (кои не се прикажани на фотографијата) ќе му овозможат на истражувачкиот тим да истражи некои од планетарните прстени на Сатурн кои се помалку видливи на оваа слика, вклучувајќи го тенкиот прстен G и дифузниот прстен Е.

Прстените на Сатурн се составени од различни фрагменти од карпи и мраз - честички со големина од помали од зрно песок до неколку големини на планинските врвови на Земјата.

Тагови
реклама

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Read more

Од бизнисмен до командант: Милијардер ја формира најефикасната единица во Украина

Read more

Како да испечете сочен и крцкав помфрит во рерна?

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Наука

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Деветта година по ред е забележана рекордна топлина на океаните

Read more

Темната енергија станува сè почудна: На универзумот му се заканува Големо собирање

Read more
 

Гик

iPhone Fold би можело да користи течен метал

Читај повеќе

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Читај повеќе

Руски научници открија голема коронална дупка на Сонцето

Читај повеќе

Микрогравитацијата на МВС им помага на вирусите да ги победат бактериите отпорни на лекови

Читај повеќе

Како да го спречите Google да ве следи?

Читај повеќе

Apple со важно предупредување за сите корисници на iPhone

Читај повеќе

Првата офшор ветротурбина од 20 MW инсталирана во Кина, ќе напојува 40.000 домови

Читај повеќе

Rockstar Games ги забранува мисиите во GTA Online поврзани со атентатот на Чарли Кирк

Читај повеќе

iPhone 17e носи важни подобрувања: Што знаеме за најевтиниот модел?

Читај повеќе