Концептот Grandsphere ќе биде претставен на 2 септември.
Audi за почетокот на следниот месец го најави пристигнувањето на футуристичкиот автомобил Grandsphere. Овој концепт ќе биде претставен неколку недели по моделот Skysphere.
Концептот Grandsphere има 4 врати и е дизајниран за да ја најави новата генерација на Audi A8.
Тизер-фотографиите го откриваат луксузниот модел со задни врати кои се отвораат во спротивен правец од предните.
Како и во случајот со концептот Skysphere, кај возачот се воланот и педалите кои може да се вовлечат во командната табла секогаш кога тој ќе посака да управува автопилот наместо него.
И покрај големината, концептот има мал простор за патниците позади, додека пак предните седишта се поголеми и луксузни.
Дизајнот на концептот Grandsphere e подеднакво впечатлив како и во случајот со Skysphere и има слични тенки ЛЕД фарови и големи гуми.
Oд Audi потврдија дека Grandsphere ќе биде заснован на механичката платформа за електрични возила Artemis.