Австралија ги зголемува таксите за студентска виза, сака да ја спречи рекордната миграција

Макфакс
/ 01.07.2024 / 10:36

Австралија соопшти дека има повеќе од двојно зголемени визни такси за странски студенти, што е најнов потег на владата да ја спречи рекордната миграција, што го зголеми притисокот врз и онака тесниот пазар на станови.

Од 1 јули, таксата за меѓународна студентска виза се зголеми на 1.600 австралиски долари (1.068 американски долари) од 710 австралиски долари, додека на имателите на визи за посетители и на студентите со привремени визи за дипломски студии им е забрането да аплицираат за студентска виза во земјата.

„Промените кои стапуваат на сила денес ќе помогнат да се врати интегритетот на нашиот меѓународен образовен систем и да се создаде миграциски систем кој е поправеден, помал и подобар за Австралија“, рече министерката за внатрешни работи Клер О’Нил.

Официјалните податоци објавени во март покажаа дека нето имиграцијата се зголемила за 60% на рекордни 548.800 луѓе во годината до 30 септември 2023 година.

Зголемувањето на таксите го прави барањето за студентска виза за Австралија многу поскапо отколку во конкурентните земји како што се САД и Канада, каде што чинат околу 185 американски долари, односно 150 канадски долари.

Владата рече дека исто така ги затвора дупките во визните правила што им овозможуваа на странските студенти континуирано да го продолжуваат својот престој во Австралија, откако бројот на студенти со втора или последователна студентска виза се зголеми за повеќе од 30% на повеќе од 150.000 од 2022 до 2023 година.

Тагови
реклама

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Кардиолозите советуваат колку јајца може да јадеме неделно

Read more

Што ќе му донесе младата Месечина на секој хороскопски знак?

Read more

Netflix го укинува популарниот план за претплата

Read more

Свет

Американските демократи во паника: Кризата на Бајден станува сериозна закана

Read more

Ердоган се сретна со Путин и најави нуклеарна соработка

Read more

WikiLeaks објави таен документ на израелското разузнавање

Read more

Можно е зголемување на германската пензија за 110 евра

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Американските демократи во паника: Кризата на Бајден станува сериозна закана

Читај повеќе

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Читај повеќе

Министерката Јаневска ќе го менува концептот за инклузивно образование

Читај повеќе

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира, постигнат договор со приватниците

Читај повеќе

Ердоган се сретна со Путин и најави нуклеарна соработка

Читај повеќе

Што да (НЕ) правите ако ве касне змија?

Читај повеќе

WikiLeaks објави таен документ на израелското разузнавање

Читај повеќе

Свечено доделување на наградите „Антево слово 2024“ на 10 јули

Читај повеќе

Можно е зголемување на германската пензија за 110 евра

Читај повеќе