Австралискиот тенисер Кеш: Федерер постапи нечесно во финалето на АО

Поранешниот австралиски тенисер Пет Кеш го критикуваше Роџер Федерер поради потегот на финалето на Аустралијан Опен во кое швајцарскиот тенисер го победи Рафаел Надал во пет сетови и ја освои рекордната 18-та Грен Слем титула.

Кеш смета дека медицинскиот тајм аут што на почетокот на петтиот сет го побара Федерер е некоректен потег, и спроед него тоа е „легално мамење“.

„Не застанувате на маратонот бидејќи сте уморни. Тоа е погрешно, погрешно и покрешно. Тоа е нечесно, а е дозволено. Тоа е легално мамење, и воопшто не е во ред“ - изјави Кеш за радио BBC.

Федерер по победата изјави дека правилата постојат за да се користат.

„И јас мислам дека не треба да се злоупотребуваат правилата. Сепак, јас сум тенисер кој најмалку бара тајм-аут, така што не знам за што зборува кеш“ - изјави 5-кратниот шампион на АО.

Швајцарецот изјави дека чувствувал силна болка во десната нога и дека тој проблем го имал во текот на целиот турнир, а се засилил во текот на полуфиналето со Стен Вавринка.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Тенис

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more
 

Спорт

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе