Аѕурите ги открија дресовите за ЕУРО - повторно со најубава гарнитура?

Италијанската репрезентација официјално ги претстави дресовите со кои „Аѕурите“ ќе играат на претстојното ЕУРО 20924 во Германија.

Комплетите на Adidas ќе ги имаат препознатливите за брендот три ленти преку рамениците, кои ќе бидат обоени во зелена, бела и црвена боја како знак на италијанското знаме и грбот на националниот тим.

Основата на дресот се одликува со два тона сина боја; посветла нијанса на предната страна и подлабока сина на страничниот панел. Предниот дел од комплетот има и некои детали во бела боја.

URL

Италија е партнер со Adidas од 2023 година, соработка која дојде по 19-годишното партнерство со другиот германски производител - Puma.

Заедно со домашниот син дрес Италијанците исто така објавија и бел гостински дрес, а двата веќе се достапни за купување од официјалната онлајн-продавница на ФИГЦ.

URL

Италија има закажано 4 пријателски натпревари пред почетокот на ЕУРО 2024. Лучано Спалети и неговите избраници ќе имаат тестови против Венецуела и Еквадор сега во март, пред да се соочат со Турција и Босна и Херцеговина на почетокот на јуни.

„Аѕурите“ својот поход за одбрана на титулата на ЕУРО 2024 ќе го започнат со натпреварот против Албанија на 15 јуни, а во групната фаза ќе се соочат и со Шпанија и Хрватска.

URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Read more

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Read more

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе